1

EMPOWERING – Упатство за жени миленијалки (м-жени)

Ова упатство е наменето за жени миленијалки кои работат или размислуваат за кариера во индустрискиот сектор и сакаат да го насочат својот професионален развој на стабилен и одржлив начин.

Документот служи како практичен водич за полесно снаоѓање низ достапните ресурси развиени во рамки на проектот EMPOWERING, особено оние на платформата Learning Hub. Тој има за цел да ви помогне подобро да ја разберете вашата моментална позиција, да ги препознаете вашите силни страни и појасно да ги дефинирате следните чекори во кариерата.

Со фокус на практична примена, упатството нуди насоки и алатки што можат да ви помогнат да:

  • направите самооценка на вашите вештини и компетенции
  • препознаете потенцијални пречки во професионалниот развој
  • го испланирате вашиот понатамошен кариерен напредок

Упатството е релевантно за жени во различни фази од кариерата – од оние што се на почеток, до оние што сакаат да преземат поголеми одговорности или да развијат нови професионални вештини.

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Во продолжение, можете да го прегледате целосниот документ: