Нашата работа

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување (Фондација М.И.Р.) е основана во 2002 година со мисијата да го поттикне и поддржи економскиот развој за благосостојба на сите.

Остварувањето на мисијата на Фондацијата М.И.Р. би била невозможна без блиската соработка со различни локални и странски партнери од приватниот и јавниот сектор. Фондацијата М.И.Р. е отворена за сите видови на соработка доколку активностите се во рамките на нејзината стратегија за развој, поседува доволен капацитет и компетенции, со партнери кои имаат сличен пристап кон развој и имплементација на проекти.

Мисијата на Фондацијата се остварува преку активности што се темелат врз фундаменталните принципи на одржливиот развој во следните области: Економски развој, Истражување и иновации, Животна средина и Општество.

Основни цели на Фондацијата М.И.Р. се:

  • Поддршка на одржлив економски развој и конкурентност
  • Придонес кон зголемување на вработеноста и градење на капацитети
  • Промовирање на социјална кохезија и благосостојба
  • Одржување, заштита и унапредување на животната средина

Специфичните цели на Фондацијата М.И.Р. вклучуваат:

  • Придонес кон развојот на секторот на МСПа во Македонија
  • Поттикнување и промоција на иновации, унапредување на иновацискиот систем и трансфер на технологија
  • Поттикнување на развојот на претприемачко општество
  • Поттикнување на доживотно учење, образование и тренинг како основа за вработување и економски развој
  • Поддршка и учество во истражување и развој
  • Борба против социјална исклученост и дискриминација на пазарот на труд
  • Промоција на родова еднаквост и рамноправност, интеграција и почитување на различноста во општеството за сите
  • Промоција на користењето на интелигентна енергија, одржлив развој и заштита на животната средина

Активностите на Фондацијата М.И.Р. се:

  • Иницирање и имплементација на проекти во согласност со мисијата
  • Услуги за поддршка на бизнис и трансфер на технологија
  • Поддршка на локалните проекти за иновации и развој на нови технологии
  • Информации, консултации и влијание врз креирањето на политики
  • Учество во развој на иновативни структури и програми на национално и регионално ниво
  • Развој на модерни образовни методи и организација на практични курсеви и обуки
  • Учество во истражувачки активности за МСПа и останати целни групи
  • Услуги од областа на животната средина
  • Учество во промоција на енергетската ефикасност и алтернативни извори на енергија
  • Градење на партнерства и вмрежување на локално и интернационално ниво