Програмски области

Се стремиме да го поттикнеме брзиот економски развој на земјата преку поддршка на постојните бизниси и поттикнување на растот на нови бизниси. Со нашите советодавни услуги и програми за претприемништво и стручна обука имаме за цел да:

  • Придонесеме кон развојот на македонскиот МСП сектор
  • Го поддржиме развојот на претприемачкото општество
  • Промовираме можности за доживотно учење, едукација и тренинг како основа за вработување и економски прогрес.

Иницираме проекти и обезбедуваме советодавни услуги за унапредување на перформансите и конкурентноста на македонскиот МСП сектор кој претставува носител на националната економија и обезбедува најголем број на вработувања.

Развојот на овој сектор во голема мерка зависи од поединците кои имаат бизнис идеи и се спремни да преземат ризик.

Го поддржуваме развојот на претприемачкото општество преку креирање на претприемачка култура помеѓу различни општествени групи.

Со комбинирање на бизнис обуките и практичните курсеви го промовираме неформалното учење како еден од двигателите на економскиот развој.

Одржливиот економски раст во голема мера зависи од степенот на инвестиции во технологии, истражување и иновации. За таа цел, имаме развиено концепти за истражување & развој наменети за:

  • Поттикнување и промовирање на трансферот на технологии и иновации
  • Поддршка на истражувањето и технолошкиот развој
  • Подобрување на иновацискиот систем на национално и регионално ниво

Работиме со компаниите од генерирањето на една иновативна идеа до нејзина трансформација во технолошки заснован бизнис. Нашите услуги за трансфер на технологии и поддршка на иновациите креираат додадена вредност за компаниите и ја зголемуваат нивната конкурентност. Поддржуваме локални иновациски проекти и развој на нови технологии за подобро технолошко општество. Нашите истражувачки активности генерираат решенија за потребите на МСПа и останатите целни групи.

Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Промовирањето на одржливиот еколошки развој и интелигентното користење на енергијата се едни од нашите цели. Ние ја поддржуваме зелената економија преку еко-иновации и услуги од областа на животната средина со цел генерирање на бизнис можности од еколошките предизвици. Енергетската ефикасност и заштедите на енергија се од витално значење за заштита на животната средина, а воедно се едни од најмоќните и најефективните начини за постигнување на енергетски одржлива иднина. Ги поддржуваме акциите насочени кон заштита на животната средина преку енергетско ефикасни производи и практики.

Социјалната кохезија преставува еден од основните двигатели на економскиот развој и одржливиот раст. Справувањето со дискриминацијата и социјалната ексклузија на пазарот на труд, како и имплементацијата на иницијативи за зголемено вработување и едукација после задолжителното образование, се дел од нашите приоритети. Се фокусираме на:

  • Справување со социјалната ексклузија и дискриминација на пазарот на труд
  • Промовирање на родова еднаквост, интеграција и различност во општество за сите