Едукација и вмрежување
Обуки
Организираме различни обуки за градење капацитети на компаниите, јавните институции и граѓанските организации на полето на иновациите & трансферот на технологии, циркуларната економија, претприемништвото и развојот на МСП, родовата еднаквост, јавни политики и проектен менаџмент. Нудиме и можност за онлајн едукација преку нашата платформа за онлајн учење – https://pretpriemacedu.mk/.
Конференции
Нудиме бројни можности за вмрежување и размена на добри практики преку нашите тематски конференции, б2б настани, панел дискусии, форуми за иновации и годишни саеми за претприемништво.
Академии
Организираме тренинг академии за започнување на бизнис наменети за млади претприемачи и старт-ап компании. Нашата тренинг академија за развој на женското претприемништво е наменета за унапредување на вештините за бизнис поддршка, застапување и лобирање, креирање политики, финансиска писменост и олеснување на пристапот до финансии.
Следни настани
1 март 2022 | МWC Отворен иновациски предизвик 2022 – б2б хибриден настан | Брокерски настан – Барселона (Шпанија) |
1 март 2022 | Велосипедска Европa – Настан за вмрежување и стручни разговори | Брокерски настан – онлајн (Германија) |
8 март 2022 | Виртуелен настан за вмрежување IPEC 2022 | Брокерски настан Нирнберг (Германија) |
9 март 2022 | Состаноци на машинската индустрија 2022 @ SIMODEC | Брокерски настан – La Roche-sur-Foron (Франција) |
12 март 2022 | FoodExpo 2022 Компаниска мисија | Компанија мисија – Атина (Грција) |
15 март 2022 | SIVAL – VIBE 2022: деловни состаноци за растителни производи | Брокерски настан – Анже (Франција) |
17 март 2022 | MBM TOURISM PRAGUE 2022 Хибриден настан | Брокерски настан – Прага (Чешка) |
23 март 2022 | Недела на енергија 2022 настан за вмрежување | Брокерски настан – Vaasa (Финска) |