Een

Интернационализација на МСП со поддршка на Enterprise Europe Network

Настапот на меѓународните пазари отвора нови можности за раст и развој на малите и средните претпријатија, но бара соодветна подготовка, познавање на регулативата и пристап до релевантни деловни контакти. Enterprise Europe Network (EEN) обезбедува практична поддршка за компаниите во различните фази од процесот на интернационализација, вклучувајќи проценка на подготвеноста за нови пазари, регулаторна усогласеност, поврзување со потенцијални деловни партнери и подготовка на стратегија за настап.

Во инфографиката се претставени главните услуги на EEN и начините на кои тие им помагаат на малите и средните претпријатија да се подготват за настап на Единствениот пазар на ЕУ и на други меѓународни пазари.