Започна регистрацијата за програмата Empowering Women in Agrifood, организирана од EIT Food
Ајде заедно да го промениме погледот на стартапите во Централна и Источна Европа и да додадеме женски инпут! Дали сте заинтересирани за агро-прехранбени теми? Го гледате ли вашето идно професионално ангажирање во оваа област и имате идеја за посветен проект?
Зачленете се во програмата Empowering Women in Agrifood организирана од EIT Food и искористете ја можноста да добиете финансиска поддршка до 10.000 евра за развој на вашиот бизнис!

EIT Food е најголемата европска иницијатива за иновации во прехранбениот сектор, формирана како конзорциум од водечки компании, стартапи, истражувачки центри и универзитети низ Европа. Дел е од деветте Knowledge and Innovation Communities (KICs) поддржани од Европскиот институт за иновации и технологии (EIT) – независна институција на ЕУ основана во 2008 година за унапредување на иновациите и претприемништвото.
Мисијата на EIT Food е да ја обезбеди иднината на прехранбениот систем преку создавање инклузивна заедница која поддржува иновации во сите фази на создавање бизниси.
Програмата Empowering Women in Agrifood EWA ги поддржува жените во развојот на нивните агро-прехранбени бизнис идеи не само преку финансирање, туку и преку специјализирани обуки, менторство и можности за вмрежување. Оваа иницијатива има за цел сеопфатно да ги поддржи претприемачките жени во раната фаза од нивната кариера, притоа овозможувајќи им пристап до знаење и релевантни контакти за успешен почеток и развој на одржливи бизниси во агро-прехранбениот сектор.

Не чекајте! Аплицирајте за програмата денес!
Жените претприемачи со иновативна идеја за трансформација на прехранбениот систем можат да аплицираат онлајн до 25 мај 2025, до 23:59 часот (без можност за продолжување) на следниот линк Apply to EWA 2025 – Северна Македонија | F6S
Од сите пристигнати апликации, 10 жени претприемачи ќе бидат селектирани и поканети да учествуваат во специјализирани работилници и настани во период од 6 месеци, при што ќе ја развиваат својата бизнис идеја со индивидуална поддршка од професионален ментор. Дополнително, учесничките ќе добијат можност за градење на меѓународна мрежа на контакти во индустријата.

Проектот се спроведува во соработка со Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
📩 Контакт emilija.andonova@mir.org.mk
Апликацијата е достапна на: Apply to EWA 2025 – Северна Македонија | F6S
Повеќе информации за програмата EWA:
https://www.eitfood.eu/projects/ewa-empowering-women-in-agrifood
