Facebook linkedin event cover 1920x1005px

ТвинТек Talk – Кога човекот и машината создаваат заедно

На 12 јуни, со почеток во 12:30 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи ТвинТек Talk – еднодневен настан посветен на инспиративни разговори, вмрежување и нови перспективи за креирање на синергија меѓу човечката и вештачката интелигенција.

Настанот е отворен за сите кои сакаат да научат како да ја користат вештачката интелигенција за учење, иновации и прогрес. Сѐ што треба да направите е да го регистрирате вашето присуство на следниот линк: https://form.typeform.com/to/xPYuxWnq

По успешната ТвинТек Конект 2025 конференција која се одржа минатиот месец, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, продолжува со организација и на Твин Тек Talk, како следен чекор во креирањето на долгорочна платформа за учење која има за цел да го зајакне иновацискиот екосистем во земјата.

На ТвинТек Talk ќе имате можност да слушнете 3 инспиративни говори од добро познати практичари од областа на иновациите:

  • Моника Ризовска Таневска која ќе говори на темата: Од мали иновации до големи промени – Вештачка интелигенција во служба на човештвото
  • Гого Рафајловски кој ќе зборува за интелектуалниот капитал како најмоќна валута на 21 век
  • Ирена Јакимова која ќе ви открие како синергијата меѓу човечкиот потенцијал и вештачката интелигенција може да ги избрише границите на креативноста.

Настанот е организиран во соработка со  проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia.

Дознајте повеќе за ТвинТек Talk на Facebook и LinkedIn профилите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР и не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа уникатна платформа за размена на идеи и инспирација.

Key visual

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!