Screenshot 2023 11 30 094918

САМИТ 2023 – ЖЕНИ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – КЛУЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА дел од Национална платформа за женско претприемништво

Screenshot 2023 11 30 094918


На 23 и 24 ноември 2023 година во Хотел Мериот се одржа најголемиот Самит за женско претприемништво во Македонија. Учество земаа преку 200 жени претприемачки, претставници од институции, организации и интернационални гости. Самит 2023 – Жени во претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата е организиран во партнерство од страна на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Здружение на Бизнис жени и Сојузот на Стопански комори на Македонија.

Во текот на двата денови, беа имплементирани различни панели во кој учество зедоа претставници од Државни институции, Министерства, Комори и организации кои се посветени на женското претприемништво, како и беа споделени говори од инспиративни жени претприемачки.

Националната Платформа за Женско Претприемништво остава посветена на засилувањето на капацитетите на граѓанските организации, креирајќи предлози за јавни политики и застапувајќи ги интересите на жените претприемачи преку интеграција на различни мрежи во една обединета платформа.

На Самитот беа доделени престижни награди, вклучувајќи ја “Најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија”, “Најдобра млада лидерка”, и “Најдобра граѓанска организација со добра практика”.

Низ различни панели се разговараше за улогата на институциите во јакнењето на женското претприемништво и за поддршката која ја добиваат жените претприемачки. Присутните имаа можност да учествуваат во интересни работилници, да се запознаат со успешни приказни, и размена на идеи за подобрување на финансискиот менаџмент и обезбедување финансии/односи со инвеститори.

Самитот овозможи искуства во форма на бизнис средби, каде беа споделени најдобри практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво во нашиот регион.

Благодараме на сите учесници и поддржувачи што го направија овој Самит таков успех! Се надеваме дека оваа иницијатива ќе продолжи да ги инспирира и да влијае на животите на многу жени претприемачи.

Следете ја нашата платформа за повеќе информации поврзани со женското претприемништво www.weplatform.mk

#ЖенскоПретприемништво #Самит2023