Ресурси

Разговор со проф. Елисавета Дончева од Машинскиот факултет во Скопје

Како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, продолжуваме со серијата подкасти во кои ги истакнува успесите на жените во традиционално „машки“ индустрии. Во оваа епизода, проф. Елисавета Дончева од Машинскиот факултет во Скопје, ги споделува своите искуства, инспирацијата и предизвиците со кои се сретнала како жена инженер. Таа исто така нагласува колку е важно да имаме инклузивни работни средини каде колегите, менторите и менторските, играат клучна улога во поддршката и охрабрувањето на младите жени да се впуштат во овие индустрии.

Разговор со Загорка Блажевска, основачка и CEO на „Вита Нова – За Доо“

Како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, снимаме серија подкасти со успешни жени во индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, со цел да ги истакнеме нивните успеси. Во оваа епизода, разговараме со Загорка Блажевска, основачка и директорка на „Вита Нова – За Доо“, која го споделува своето искуство како лидер во индустријата за здрава храна. Таа говори за патот до создавањето на својата компанија, предизвиците со кои се соочила како жена претприемач и важноста на менторството за младите жени.

Разговор со Маја Аначкова од Машински факултет – Скопје

Како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, снимаме серија подкасти со успешни жени во индустрии кои се сметаат за традиционално „машки“. Во оваа епизода, д-р Маја Аначкова, доцент на Институтот за механика на Машинскиот факултет во Скопје, ни открива како успеала да ја изгради својата кариера во машинството и да се избори за своето место во индустријата. Споделува искуства и совети за жените кои сакаат да влезат во оваа област и зборува за важноста на поддршката и инспирацијата за идните генерации инженерки.

Разговор со Маргарита Постолова, основачка и CEO на Potens Consulting

Како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, снимаме серија подкасти со успешни жени во индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, со цел да ги истакнеме нивните успеси. Во оваа епизода, разговараме со Маргарита Постолова, основачка и CEO на Potens Consulting. Маргарита зборува за предизвиците при започнувањето сопствен бизнис и споделува вредни совети за жените претприемачки на патот кон успехот. Нејзината кариера е доказ дека жените можат да напредуваат во ИТ индустријата, совладувајќи пречки и градејќи влијателни кариери.

Разговор со Фросина Пановска од Градeжниот факултет во Скопје

Како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, снимаме серија подкасти со успешни жени во индустрии кои се сметаат за „машки“, со цел да ја истакнеме нивната улога и да инспирираме идни генерации. Во оваа епизода разговараме со Фросина Пановска, асистентка на Катедрата за хидротехнички објекти на Градежниот факултет во Скопје, која ги споделува своите искуства во градежниот сектор. Фросина ја нагласува важната улога на жените во оваа динамична и брзорастечка индустрија, како и клучните моменти што ја прават професијата успешна и достапна за жени, со оглед на растот на градежниот сектор во Македонија.

Меѓународната конференција Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR

Зад организацијата на оваа меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија стојат Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Фондација Претприемачки Сервис за Млади. Интересни теми на кои се зборуваше поблиску со искуствата на панелисти во делот на: Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан, Стратегии за циркуларни градови, Успешни приказни на проекти и компании, Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии.

„PowerGreen“ – Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродни емисии

Инспиративни пленарни сесии, информативни работилници и  однапред договорени персонализирани б2б состаноци 1:1 ветуваат стекнување знаење и нови деловни контакти. Дигиталната конференција „PowerGreen“ има за цел да го препознае ИКТ секторот како клучен играч во борбата против климатските промени, да ги инспирира компаниите да инвестираат во развојот и распоредувањето на позелени дигитални технологии и услуги и да се залагаат за зелена дигитална трансформација која е од корист за животната средина, општеството и економијата.

“Жените претприемачи прашуваат”

Проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“, се имплементира од страна на Фондација М.И.Р. во партнерство со Здружение на бизнис жени и ГТФ – Иницијатива за одржлив раст од Хрватска. Една од активностите на проектот што е во линија и со акцискиот план на НСЖП е креирање на видео насловено како “Жените претприемачи прашуваат” каде жени претприемачи поставуваат прашања важни за нивните бизниси и генерално за унапредување на состојбите во женското претприемништво а одговорите ги претставници од релевантните министерства и други национални институции кои делуваат во наведените области.

WEgate Summit 2021 – #WEgrow

Сесија на Совет на заедницата на WEgate: Родова еднаквост за дигитална зелена транзиција. Бидејќи нашето општество минува низ важни транзиции,  мораме да се погрижиме жените и мажите да имаат еднакви можности и дека нееднаквостите нема дополнително да се влошуваат со новите настанати промени. Мораме да создадеме услови жените да бидат агенти за фер транзиција како на работа така и приватно. Затоа, сакаме да ја ставиме родовата еднаквост во срцето на политиката на ЕУ и како таква да го поддржиме  развојот на женското претприемништво.

Презентација на реализирани активности дел од проектот We-Contribute во Телма во емисијата Утринска на Телма

Презентација на реализирани активности дел од проектот We-Contribute и промоција на финална конференција за вмрежување на тема Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ на Телма во емисијата Утринска на Телма

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!