Screenshot 2024 09 02 132913

Имплементација на Агендата за Западен Балкан – Објавени Мониторинг Картички од POLICY ANSWERS

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт на Западен Балкан е сеопфатна стратешка иницијатива започната од Европската Унија со цел да се зајакне соработката помеѓу Западен Балкан и земјите членки на ЕУ-27. Целта е да се промовира научната извонредност, да се поддржат образовните системи во регионот, да се создадат дополнителни можности за младите и да се помогне во спречувањето на одливот на мозоци. Преку зајакнување на секторите на истражување и иновации, образование, култура, млади и спорт, Агендата за Западен Балкан има за цел да ги намали разликите, да ја подобри регионалната стабилност и да го подготви Западен Балкан за успешна интеграција во пошироките европски рамки.

Една од активностите на проектот POLICY ANSWERS е следење на имплементацијата на Агендата за Западен Балкан врз основа на сеопфатен сет на индикатори и користење на квалитативни и квантитативни податоци. Засегнатите страни од Западен Балкан активно учествуваат во овој процес. Првиот круг на мониторинг картички беше изработен во 2023 година, а POLICY ANSWERS ќе продолжи да ја следи имплементацијата на Агендата за Западен Балкан и во наредните години.

Нашиот тим во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување е лидер во Конзорциумот кој го предводи овој процес на наоѓање на индикатори за следење, менаџирање на процесот на собирање информации од леевантните институции и изработка на Мониторинг картички.

Мониторинг картичките за имплементација на Агендата за Западен Балкан ги покриваат следните области:

Истражување и иновации
Млади, култура и спорт
Дигитализација
Образование
Животна средина
Заеднички регионален пазар

Ве молиме погледнете ги приложените документи подолу.