3

Реализрана студиска посета на делегација од Република Србија

Неделава бевме домаќини на 3 дневна студиска посета на делегација од Република Србија во која присуствуваа 25 претставници на општинските раководства, но и на здруженија на земјоделци, пчелари, занаетчии од општините Власотинце, Сурдулица и Лебане се сретнаа со претставници на општините Куманово и Старо Нагоричане, како и претставници на Комора на занаетчии, пчелари, и индивидуалци со успешни приказни во општините Куманово и Старо Нагоричане, кои ги споделија своите модели на работа, успеси, предизвици и визија за локален економски развој.

Целта на студиската посета беше размена на искуства и разгледување на можностите за прекугранична соработка во секторите земјоделство, пчеларство и занаетчиство. Следната недела, делегација од двете општини Куманово и Старо Нагоричане ќе ја возврати посетата во Република Србија.

Студиските посети се организираат во рамки на проектот „Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените области“ кој е финансиран од Европска Унија и ИПА 2 програмата за прекугранична соработка Р.Србија-Р.С. Македонија 2016-2020. Проектот го имплементираат Национална алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Белград, Здружение на жени Ружа од Лебане, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) од Скопје и Граѓански Центар Активум од Куманово.

Благодарност до Здружение Пчела Куманово, Комора на занаетчии Куманово), Ignea Cosmetics -Eco/Organic, Апи комората во с. Драгоманце и сите поединци за одличната соработка, презентации и гостопримство. Голема благодарност и до градоначалниците и општинските одделенија на општина Куманово и општина Старо Нагоричане за поддршката на граѓанскиот сектор и иницијативите од заеднички интерес.