Mkd

Разговор со Ана Чучкова: Психологијата како мост до успехот

Создадовме платформа за жени миленијалки кои работат во индустријата и се подготвени да ги споделат своите успешни приказни. Започнавме серијал интервјуа каде ги пренесуваме нивните инспиративни искуства и успеси, ставајќи акцент на жените што го трансформираат светот околу себе. Разговараме со Ана Чучкова, Вонреден професор на група предмети од развојна и педагошка психологија (Меѓународен Славјански Универзитет).

Ana Cuckova Mkd

Можете ли да ни кажете повеќе за компанијата во која работите и нејзината цел?

Ин Асоцијација е невладина организација која што нуди доедукација на возрасни лица кои сакаат да ги надоградуваат и збогатат своите компетенции во сите сфери на животот, справување со насилство и развој на емоционалната интелигенција која е значаен фактор за успешност на секое работно место.

Со какви предизвици сте се соочиле како жена миленијалец која работи во вашата индустрија, и како сте ги надминале?

Како жена од Y генерацијата, неизбежно беше соочувањето во текот на кариерата со многу предизвици. Првиот предизвик беше ниската свесност за струката психолог и психологот на своето работно место. Во минатиот век, кога всушност започнав со мојата кариера започна и брзиот развој на технологијата кој што развој сам по себе донесе потреба од брзо прилагодување и барање начини за паметно информирање на студентите и воопшто на сите едуканти. Најголем предизвик за мене беше  освестувањето за потребата од науката психологија, во секоја сфера во животот и во индустријата. Предизвик беше да се истрасира патот за нови работни места за психолозите.  Освестувањето на многу жени кои имале желба да се едуцираат во одредена сфера но поради одредена причина не успеале и се откажале, беше голем предизвик за мене. Денес многу жени од оваа генерација се свесни дека едукацијата може да се случи и во 40 те години.  Будењето на желбата за самореализација денес за мене претставува голем успех. Денес психолозите се свесни дека можат да работат не само во училишта и болници ,туку напротив во секоја индустрија и конечно компетенциите на психологот денес се на заслужен пиедестал.

Соочувањето со двете улоги- жена која сама заработува за себе и за семејството и мајка ,е голем предизвик во едно општество за жените. Предрасудите, девалвацијата на создадените дела, менаџирањето со работното време и мајчинството , беа навистина голем предизвик кој што бара многу откажувања и многу креативност.

Економската неможност исто така беа голем предизвик кој што без поддршката од родителите  многу побавно и потешко би ги надминала.

Кои компетенции или вештини сметате дека се највредни за жените миленијалци на работното место, и зошто?

Милениумските жени се соочени со многу брзи промени, потреба од постојано прилагодување и надоградување.  Генерацијата Y  ги искусила сите предрасуди за жената на работното место. Поради таа причина, сликата за себе, самодовербата, емоционалната интелигенција  се носечки фактори за напредок на работното место. Стекнатите животни искуства во два века е бесценета компетенција за нашата генерација. Мудроста од постарите генерации, темелните морални вредности, од една страна и напредокот на технологијата,  од друга страна, придонесоа развој на посебни вештини за креативно решавање на проблеми ситуации на работното место. Ригидноста, стравот и неасертивноста  се погубни за напредокот на работното место.

Како жените миленијалци можат да продолжат да ги развиваат и усовршуваат своите вештини во индустријата?

Моето искуство покажува дека најтешко за оваа генерација на жени е надминувањето на предрасудите од околината за нејзината доедукација, личен развој  и способноста на работното место. Работата на својата личност, постојана доедукација и едукација, вмрежување во друштва за поддршка на жените  се првите чекори во усовршување и напредок на работното место. Секоја жена која е свесна за својата слобода на избор, својата способност и желба за усовршување, денес има одлични можности  за напредок во секоја индустрија .

Како сметате дека жените миленијалци носат уникатна перспектива во индустријата во споредба со претходните генерации?

Креативноста е клучна за решавање на проблематични ситуации. Креативноста значи умеење да се искористат сите минати искуства и да се прилагодат на ново настанатата ситуација. Во текот на развојот нашата генерација има искуство кое бара постојана адаптација и асимилација. Сето тоа придонесе развој во креативното размислување. Самата оваа креативност и снаодливост е уникатна за оваа генерација. Уникатноста е во тоа  што овие жени знаат и умеат да решаваат проблеми и доколку технологијата во даден момент ја нема но во исто време  умеат искуството од времето без технологија да го спроведат во нова форма преку истата.  Менаџирањето на стресот  на работното место исто така е посебна вештина која оваа генерација ја поседува.

Како ја гледате улогата на менторството и поддржувачките мрежи во напредокот и успехот на жените миленијалци на работното место?

Поддршката од ментори според мене е една од најзначајните вмрежување . Поддршката и усмерувањето на жените во индустријата ја зајакнуваат самодовербата и мотивацијата за себе реализирање.  Менторството нуди поголема сигурност, истрајност и најважно од се избегнување на непотребни падови и пречки во работата.

Серијалот на интервјуа е дел од проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) кој е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Ана Чучкова,

Вонреден професор на група предмети од развојна и

педагошка психологија (Меѓународен Славјански Универзитет)

Img 08a6dc27e1058322b88be7db65c18a8e V

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!