Global (2)

Придружете ни се во Охрид на нашата Обука за интернационализација на бизниси!

Во рамки на проектот „WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) се организира еднодневна Обука за интернационализација на бизниси на 11 јуни 2024 година (вторник) во Chateau Orman – Охрид со почеток од 11 часот. Оваа активност е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Global (2)


Интернационализацијата на бизнисите е клучна во денешниот глобализиран свет. Оваа обука е специјално дизајнирана за жени претприемачки кои ќе стекнат знаења и алатки кои им се потребни за успешно да се вклучат и да напредуваат на глобалниот пазар. Затоа, на обуката ќе се говори за клучни прашања од областа како:

📈 Методи и алатки за интернационализација;
💡 Стратегии за проценка на пазарот;
🔍 Тактики за преговарање со потенцијални деловни партнери;
🗣 Деловна комуникација со потенцијални партнери.


Учесниците ќе стекнат нови знаења за интернационализација на нивните бизниси, ќе имаат можност да се поврзат со колешки претприемачки и да разменат искуства и ќе добијат практични совети и стратегии за надминување на предизвиците на интернационализацијата и максимално искористување на глобалните можности.

Обуката ќе ја води г. Михаил Китановски, Генерален директор на D2EM Consulting, експерт за интернационализација и синџири на вредност.

Вашето учество на обуката може да го потврдите со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/HqZ9zCGbsfoaDAqv8

Програмата на “WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE”, меѓу другото вклучува и средби со претставници на корпоративниот сектор во земјата и странство, курсеви и тренинзи за синџири на вредност и подобар пристап до финансии, средби со инвеститори пред кои ќе може да го презентирате вашиот бизнис, итн. Се на се, нашата сеопфатна програма ќе ве опреми со основните знаења и алатки за да го проширите вашиот бизнис на глобално ниво. 🌐💼

За проектот:

И покрај напорите за изградба на погодна средина за развој женско претприемништво, жените претприемачи сè уште се соочуваат со сериозни предизвици кога станува збор за нивниот раст и конкурентност. Тие сè уште работат со помали компании и доживуваат различни пречки во нивниот пристап до вештини, пазари и мрежи, финансии и услуги за поддршка. Ова особено се однесува на извозните активности и вклучувањето во синџирите на вредност каде што е евидентен родовиот јаз што бара итна акција. Затоа, го дизајниравме проектот со општа цел да се едуцираат, инспирираат и поддржат жените претприемачи во интернационализација на нивните бизниси, истовремено промовирајќи ја родовата еднаквост во приватниот сектор и синџирите на вредност.