6

Отворена е регистрацијата за најголемиот европски настан за кариера и вмрежување за жени – herCAREER Expo 2025

Водечкиот европски настан за кариера и вмрежување на жени, herCAREER Expo 2025, ќе се одржи на 9 и 10 октомври во изложбениот центар MOC во Минхен. Настанот нуди можност за дипломирани студенти, професионалци, менаџери и основачки да се поврзат, да разменат искуства и да придонесат кон создавање на поинклузивен и поправеден свет на работа.

6

herCAREER Expo претставува многу повеќе од класичен саем за вработување. Тој е платформа за професионален развој, размена на знаења и автентични средби меѓу учесници од различни индустрии и организациски нивоа. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на информативни предавања, инспиративни панели и да слушнат успешни приказни за кариерен развој кои мотивираат и охрабруваат.

Во рамките на настанот ќе бидат присутни над 250 изложувачи и партнери, повеќе од 450 ментори, експерти и внатрешни познавачи. Програмата ќе опфати над 60 предавања и панели, околу 350 MeetUp сесии и Labs, создавајќи динамична и инспиративна атмосфера.

Дел од настаните кои претстојат на herCAREER Expo ги вклучуваат:

  • Future Talks: Каде компании ги претставуваат своите центри за иновации;
  • Innovation Lab: Платформа за презентирање на акцелератори и инкубатори;
  • Authors-MeetUp: Промоции на книги и останати публикации;
  • Podcast-MeetUp: Снимање на подкасти во живо, вклучително и herCAREER Voice Podcast
  • herCAREER@Night: Вечера во опуштена атмосфера со водечки фигури од бизнисот, научните дејности, медиумите и политиката.

За подобро искуство на посетителите, на 25 септември 2025 започнува со работа  дигиталниот систем за вмрежување или Digital Expo Matching кој овозможува на учесниците да стапат во контакт со компании и образовни институции. Учеството во овој дигитален систем за вмрежување започнува со пополнување на формулар, кој со помош на алгоритми креира персонализирани препораки  за оние контакти кои најмногу одговараат на профилот на кандидатот.

Дополнително за време на настанот, преку скенирање QR-код, може да се испрати CV и да се влезе во базите на таленти на компаниите кои учествуваат на herCAREER.

Доколку сакате да бидете дел од herCAREER, контактирајте нѐ на: obukimir@gmail.com

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!