Naslov

Нови можности за соработка во текстилната и модната индустрија преку Enterprise Europe Network (EEN)

Текстилната и модната индустрија претставуваат еден од најзначајните извозни сектори во Македонија, со долгогодишна традиција, квалификувана работна сила и силна ориентираност кон европските пазари. Во услови на сe поголеми барања за одржливо производство, дигитализација и развој на нови производи, воспоставувањето меѓународни партнерства е од особена важност за зголемување на конкурентноста и пристапот до нови деловни можности.

Enterprise Europe Network (EEN) – најголемата европска мрежа за поддршка на малите и средните претпријатија – им овозможува на компаниите полесно да воспостават контакти со потенцијални деловни партнери од повеќе од 60 земји. Преку мрежата, компаниите можат да пронајдат нови добавувачи, дистрибутери, производствени партнери и технолошки соработници, како и да добијат пристап до иновативни решенија и нови пазари.

Naslov

Во продолжение претставуваме неколку актуелни профили од базата на Enterprise Europe Network кои можат да бидат од особен интерес за македонските компании од текстилната и модната индустрија. Профилите опфаќаат можности за комерцијална, производствена и технолошка соработка со компании од различни европски земји, со фокус на одржливо производство, современи технологии, текстилни материјали, конфекција, домашен текстил и обувки.

Доколку сте заинтересирани за некој од профилите, во електронската порака наведете го бројот на EEN профилот и линкот до профилот, а потоа испратете мејл на emilija.andonova@mir.org.mk.

Тимот на Enterprise Europe Network – Македонија ќе ве контактира во најкраток можен рок и ќе ви обезбеди поддршка во воспоставувањето контакт и понатамошната комуникација со странската компанија.

BOME20260209012 Црногорска компанија нуди производство на униформи и текстилни решенија по нарачка

Rhii photography wvOSa2cHW9I unsplash

Компанијата нуди висококвалитетни текстилни производи и услуги, специјализирани за униформи по нарачка, традиционален вез и персонализирана облека. Со децениско искуство во производство на облека, компанијата може да испорача решенија прилагодени на специфичните потреби на клиенти од секторите туризам, угостителство и сродни дејности.

Клучни понуди:

  • Униформи по нарачка за хотели, ресторани и туристички бизниси
  • Традиционален и декоративен вез за културни или промотивни цели
  • Производство во мали и средни серии, приспособено на барањата на клиентите
  • Флексибилен дизајн, висококвалитетни материјали и навремена испорака
  • Соработка за долгорочни партнерства за континуирани текстилни потреби

Компанијата бара партнери од секторите туризам и угостителство, вклучувајќи хотели, одморалишта, ресторани и културни институции, заинтересирани за аутсорсинг на производство на униформи или за креирање брендирани и традиционални текстилни производи.

Повеќе информации за профилот: Montenegrin Textile & Garment Manufacturer Offering Custom Uniforms and Textile Solutions | Enterprise Europe Network

TRGB20250922008 Британска компанија бара партнери за развој на одржлив модел за производство на облека

Alyssa strohmann TS uNw JqE unsplash

Британско мало и средно претпријатие кое работи во областа на одржливата мода бара истражувачки и индустриски партнери за развој на иновативен модел на микро-фабрика за производство на облека по нарачка. Целта е да се намали отпадот во производството и да се поттикне одржлив и ефикасен производствен процес преку заеднички развој и истражување.

Повеќе информации за профилот: UK sustainable clothing SME seeks R&D partners to develop on-demand micro-factory model for zero-waste fashion | Enterprise Europe Network

BOPL20260204012 Полска компанија нуди специјализирани услуги за шиење и конфекциско производство

Pina messina qQKv7r1BaRw unsplash

Полска компанија специјализирана за услуги во областа на конфекциското производство нуди шиење и договорно производство на производи исполнети со природен пердув. Компанијата бара партнери заинтересирани за долгорочна производствена соработка и аутсорсинг на конфекциски услуги.

Повеќе информации за профилот: Polish company offering specialised sewing services and contract manufacturing of products with natural down filling | Enterprise Europe Network

BOPL20260120002 Полска текстилна компанија бара деловни партнери за производство на женска облека

Marcus loke xXJ6utyoSw0 unsplash

Полска семејна компанија, основана во 2006 година, специјализирана за дизајн и производство на женска ноќна облека, долна облека и конфекција, бара нови деловни партнери за меѓународна соработка. Компанијата го спроведува целиот производствен процес – од креирање на концепт и дизајн, изработка на кроеви и прототипови, избор на материјали, кроење и шиење, до контрола на квалитетот и финално пакување. Благодарение на сопствените производствени капацитети и искусниот тим, нуди флексибилност, сигурност и можност за брз развој на нови колекции, со посебен акцент на квалитетот, удобноста и современиот дизајн.

Компанијата има воспоставена соработка со партнери од Германија, Финска, Обединетото Кралство и САД, а во рамките на своето понатамошно меѓународно проширување бара нови партнери за комерцијална соработка, дистрибуција и аутсорсинг.

Повеќе информации за профилот: A Polish textile SME manufacturing women’s lingerie and clothing is looking for trade partners and offers manufacturing capacity under outsourcing agreements. | Enterprise Europe Network

BOSK20260223003 Словачки производител на чорапи бара меѓународни деловни партнери

Nick page XMg8GBzNmgA unsplash

Словачка компанија со долгогодишно искуство во производство на чорапи бара нови деловни партнери за меѓународна соработка. Компанијата е дел од голема индустриска групација која работи од 1934 година, а со производство на чорапи се занимава од 1997 година. Располага со сопствен оддел за истражување и развој, каде е развиено иновативно полипропиленско влакно кое се користи самостојно или во комбинација со памук, волна и други материјали, во зависност од барањата на клиентите.

Компанијата произведува чорапи под сопствени брендови, како и под брендови на своите клиенти (private label), вклучувајќи производи за секојдневна употреба, спортски активности и специјализирани чорапи за полиција, армија, поштенски служби и други професионални корисници. Заинтересирана е за воспоставување комерцијални договори и договори за снабдување со компании ширум светот кои бараат сигурен производител на чорапи под сопствен бренд.

Повеќе информации за профилот: A Slovak producer of high quality socks seeks companies searching for socks with their own brand within the whole world | Enterprise Europe Network

BOSI20260218005 Словенечка компанија нуди производство на облека по нарачка и услуги за професионален вез

Словенечка семејна компанија специјализирана за производство на облека по нарачка и професионални услуги за вез бара долгорочни деловни партнери. Целокупното производство се одвива во сопствените капацитети, што овозможува висок степен на контрола на квалитетот, флексибилност и кратки рокови на испорака. Компанијата нуди производство во мали и средни серии, private label производство, развој на производи по нарачка, изработка на корпоративна и работна облека, како и професионален вез на текстил и кожа.

Clark street mercantile qnKhZJPKFD8 unsplash

Производната програма опфаќа детска, секојдневна и свечена облека за возрасни, деловна и работна облека, униформи и промотивен текстил. Компанијата нуди целосно приспособување на производите според барањата на клиентите – од избор на материјали и дизајн до брендирање и финална обработка. Заинтересирана е за воспоставување долгорочна соработка со модни брендови, бутици и компании кои бараат сигурен партнер за производство на текстилни производи.

Повеќе информации за профилот: Slovenian manufacturer of costum-made apparel and professional embroidery services seeking long-term B2B partnership | Enterprise Europe Network

BOUA20260513009 Украинска компанија бара деловни партнери за производство на женска облека

Junko nakase Q 72wa9 7Dg unsplash

Украинска компанија со повеќе од 100 години традиција во текстилната индустрија, основана во 1922 година, бара меѓународни деловни партнери за производство на женска облека. Компанијата е специјализирана за производство на женска, машка и детска облека, вклучувајќи палта, сакоа, мантили, јакни, фустани, здолништа и панталони. Покрај конфекциско производство, нуди изработка на корпоративна, униформна и специјализирана облека, како и производство под бренд на клиентот (private label) и согласно неговите технички спецификации.

Со производствен капацитет до 8.000 парчиња месечно, компанијата е способна навремено да реализира и редовни и големи сериски нарачки. Заинтересирана е за воспоставување комерцијални договори и договори за аутсорсинг со компании кои бараат сигурен и искусен производствен партнер во областа на текстилната индустрија.

Повеќе информации за профилот: A Ukrainian company specializing in the manufacture of a wide range of women’s clothing is looking for business partners | Enterprise Europe Network

Заинтересираните компании можат да добијат повеќе информации за профилите и да воспостават контакт со странските партнери преку Enterprise Europe Network – Македонија. За дополнителни информации обратете се на emilija.andonova@mir.org.mk или посетете ја веб-страницата на Фондација за менаџмент и индустриско истражување – www.mir.org.mk.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!