43

Меѓународна конференција Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR

Меѓународната конференција Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR, денес се одржа во Хотел Dоuble Tree by Hilton. Зад организацијата на оваа меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија стојат Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Фондација Претприемачки Сервис за Млади.

Во последниве години, воведени се европски и меѓународни политики кои имаат за цел да ја имплементираат циркуларната економија, како што се Целите за одржлив развој, Акциониот план за циркуларна економија, Европскиот зелен договор и Европската стратегија за пластика. Акциониот план за циркуларна економија на ЕУ забележува дека е невозможно да се постигне климатска неутралност до 2050 година без транзиција кон целосно циркуларна економија.

Токму затоа денес избравме инетресни теми на кои зборуваме поблиску со искуствата на нашите панелисти во делот на:

  • Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан
  • Стратегии за циркуларни градови
  • Успешни приказни на проекти и компании
  • Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии

Конференцијата ја отвори Емилија Андонова, проектен менаџер во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување а свое излагање имаа и Александар Филипоски, извршен директор на Фондација Претприемачки сервис за млади и Александра Миладиновиќ, Европска банка за обнова и развој.

Во првиот панел ,,Политики за поддршка на регионалната циркуларна економија и одржливост” панелисти беа:

  • Ана Петровска – Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Ендрју Кис – Circle Economy
  • Милена Рмуш – Стопанска комора на Црна Гора
  • Мартин Снајдер – EIT Climate-KIC
  • Слободан Станковиќ – Privredna komora Republike Srpske

Свое излагање на темата Поттикнување на циркуларна трансформација на бизнисите имаа: Марина Рубен и Соња Ингилизева – Европска банка за обнова и развој и Марк Барет – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH

Последниот панел беше составен од спикери кои ги споделија своите добри практики во полето на циркуларна економија: Филип Ивановски – ПАКОМАК,  Фабриција Салви и Лука Меркатели – научен парк AREA, Софија Дачева – WISE Group Ltd, Роман Гдовјак – CYRKL, Марек Кујмински – Екобеј,  Каролина Иннела – Италијанска национална агенција за нови технологии, енергија и Одржлив економски развој, Адриана Пиасек – Екобеј и Оливер Тасевски – МИТ ГРУП КОМПАНИ ДООЕЛ.