Match4Industry – Меѓународен B2B настан за деловно вмрежување во Турција
На 25 и 26 ноември 2026 година ќе се одржи Match4Industry Business Matchmaking Event, меѓународен B2B настан за деловно вмрежување, кој ќе се одржи во Стопанската комора на Коџаели (Kocaeli Chamber of Industry) во Коџаели, Турција – еден од значајните центри на производствената индустрија во земјата.

Настанот го организираат Kocaeli Chamber of Industry и ABİGEM East Marmara, во соработка со партнерите од Enterprise Europe Network (EEN), и нуди можност за директни средби со компании и потенцијални деловни партнери од Турција и други земји.
Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност да одржат однапред договорени B2B средби, да воспостават нови деловни контакти и да истражат можности за соработка, развој на нови производи и проширување на меѓународните пазари.
Секторите од интерес на настанот вклучуваат:
- Автомобилска индустрија
- Метали и машинство
- Пластика и гума
- Пневматици
- Хемиска индустрија – автомобилски бои, премази и производи за нега
- Градежништво и градежни материјали
- Енергетика
- Животна средина
- Електрика и електроника
- Информациски и комуникациски технологии
Придобивки од учеството на Match4Industry:
- Директно деловно вмрежување – средби лице в лице со потенцијални клиенти, добавувачи, партнери и соработници од Турција и други земји
- Нови пазари и деловни можности – истражување можности за соработка и проширување на меѓународните пазари
- Професионална поддршка – помош при поврзување со компании според интересите и деловните потреби на учесниците
- Размена на идеи и експертиза – запознавање со нови идеи, решенија и можности за развој на производи
- Посети на компании – можност за директен увид во индустриските капацитети, иновациите и експертизата на компании од регионот
На учесниците им се обезбедени и низа услуги во рамки на настанот:
- Хотелско сместување за еден претставник од секоја компанија, со покриени трошоци за три ноќевања, од 24 до 27 ноември 2026 година. За користење на поддршката за сместување, потребно е учесникот да присуствува на двата дена од настанот.
- Транспорт од двата аеродроми во Истанбул до хотелот и назад, како и превоз до локацијата на настанот и за организираните посети на компании
- Превод и јазична поддршка меѓу англиски и турски јазик
- Храна и освежување во текот на настанот
Учеството на Match4Industry е бесплатно.
Краен рок за регистрација: 16 ноември 2026 година
Заинтересираните компании можат да се регистрираат преку следниот линк.
Искористете ја можноста да ја проширите вашата деловна мрежа, да воспоставите директни контакти со меѓународни компании и да откриете нови можности за соработка и развој на меѓународните пазари!
