Naslovna

Имплементирана Обука за надминување на родовите стереотипи на пазарот на труд!

На 31 мај 2024 (петок) во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ беше имплементирана „Обука за надминување на родовите стереотипи на пазарот на труд!“. Оваа обука беше спроведена во рамки на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, имплементиран од страна на  партнерските организации Здружение на бизнис жени Србија, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени на Врање и Здружението Праведни и професионални од Скопје.

Целта на обуката е подобро разбирање на проблемот со родовите стереотипи на пазарот на труд, подигање на свеста и опремување на учесниците со ефективни стратегии за надминување на овој проблем.  

Нашата обука започна со темелно истражување на потеклото на родовите стереотипи, испитување на историските, културните и социјалните влијанија. Учесниците се вклучија во интерактивни дискусии и вежби кои истакнаа како овие стереотипи не само што влијаат на изборот на кариерата и траекторијата на поединците, туку и ја поткопуваат стабилноста на пазарот на труд во националната економија.

Обуката беше спроведена од страна на Игор Николоски, консултант од ИНСАЈДЕР ИД со долгогодишно искуство во оваа област.

На обуката имаше и гости презентерки: Ива Павловиќ од TAKTIK Arhitektura и Елисавета Дончева, професорка на машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. И двете презентерки дадоа свој осврт за работата во професија доминирана од мажи и нагласија дека само заедничка акција може да придонесе кон рушење на овие стереотипи.

Оваа обука ќе биде проследена со серии обуки за занимања во сектори во кои доминираат мажи, вклучувајќи информатичка технологија, обработка на метали и градежништво. Програмата предвидува и менторски сесии за учесниците откако ќе завршат со обуките.

20240531 094153