Имплементирана Обука за интернационализација на бизниси во Скопје
На 18 јуни 2024 година (вторник) во Хотел Солун, Скопје, беше имплементирана Обука за интернационализација на бизниси, специјално дизајнирана за жени претприемачки. Оваа обука е дел од проектот „WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР). Оваа активност е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.
Обуката ја отвори Јасмина Саид – проектен менаџер во Фондација МИР која детално ги опиша предвидените цели и активности на проектот. Oпшта цел на проектот е да се едуцираат, инспирираат и поддржат жените претприемачи во интернационализација на нивните бизниси, истовремено промовирајќи ја родовата еднаквост во приватниот сектор и синџирите на вредност.
Обуката ја водеше г. Михаил Китановски, Генерален директор на D2EM Consulting, експерт за интернационализација и синџири на вредност.
Во одлична атмосфера, жените претприемачки имаа шанса да стекнат нови знаења за методи и алатки за интернационализација, стратегии за проценка на пазарот и тактики за преговарање со потенцијални деловни партнери, како и да се поврзат со колешки претприемачки и да разменат искуства.
Се на се, жените претприемачки добија практични совети и стратегии за надминување на предизвиците на интернационализацијата и максимално искористување на глобалните можности.
Програмата на “WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE”, меѓу другото вклучува и средби со претставници на корпоративниот сектор во земјата и странство, курсеви и тренинзи за синџири на вредност и подобар пристап до финансии, средби со инвеститори пред кои ќе може да го презентирате вашиот бизнис, итн. Се на се, нашата сеопфатна програма ќе ве опреми со основните знаења и алатки за да го проширите вашиот бизнис на глобално ниво. 🌐💼