Screenshot 2024 04 05 112859

Имплементирана дводневна обука во Струмица намената за жени работнички – ‘’Пристојна работа за жени работнички’’

На 03 и 04 април 2024 година во ВИЛА ПАРК Хотел, Струмица беше имплементирана обуката на тема: Пристојна работа за жени работнички”. Во одлична атмосфера со претставници од Југоисточен регион успеавме да се покријат главните актуелни теми од областите: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество.

Целта на овие обуки се промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија. Обуките се спроведуваат како дел од проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени.

Обуките се спроведувани од страна на M-р Софија Волческа, асистент на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” заедно со   гостин предавач  Проф. Д-р. Лазар Јовевски професор на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

На обуката имаше и гости презентери: претставници на синдикат – КСС, Претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација / Народен правобранител, Комисијата за еднакви можности.

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.