IMG

Циркуларноста оживеа на островот Халки во Грција: МИР Фондација учествуваше на партнерска средба на проектот CAROUSEL и на Pop Circularity Festival

Циркуларната економија има најголемо влијание кога престанува да биде само концепт и станува дел од секојдневниот живот на заедницата. Токму такво искуство имаа партнерите на проектот CAROUSEL на грчкиот остров Халки, каде што се одржаа 5-тиот партнерски состанок на проектот, студиската посета и Pop Circularity Festival, настани што ги обединија проектните партнери, локалните креативци, уметници и членови на заедницата од целиот Јадранско-јонски регион.

IMG

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување беше претставена од Габриела Костовска Богоеска, Извршен директор, и Емилија Андонова, Програмски менаџер, кои активно учествуваа во проектните состаноци, студиските посети и јавните активности што се одржаа од 8 до 10 јуни 2026 година.

IMG

Домаќин на средбата беше Општина Халки, а фокусот беше ставен на преглед на досегашниот напредок на проектот, спроведувањето на пилот-активностите во партнерските региони и координацијата на следната фаза од активностите. Во рамките на работните сесии, партнерите разменија информации за тековните активности, локалните циркуларни екосистеми и постигнатите резултати кои придонесуваат кон развој на одржливи и заеднички креирани модели на циркуларна економија низ ADRION регионот.

IMG

Еден од најзначајните моменти беше претставувањето на пилот-проектот на Халки, кој се издвојува како успешен пример за тоа како локалните заедници можат да ги претворат отпадните материјали во производи со нова вреднос и јавни добра. Преку Циркуларниот хаб и Поп-ап продавницата во рамки на Innovation Park, островот покажа како материјалите можат да поминат низ целосен циркуларен процес – од собирање и повторна употреба, до создавање нови производи и нивна примена во јавниот простор.

Програмата вклучуваше и студиска посета, преку која учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на пилот-проектот. Партнерите посетија локални креативни иницијативи, разговараа со занаетчии и производители и се запознаа со процесите на реупотреба на текстил, производство на природна козметика, изработка на конструкции од дрво пронајдено во морето, традиционални ракотворби и други циркуларни производи развиени во локалниот екосистем. Посетата дополнително ја зајакна соработката меѓу партнерите и овозможи размена на знаења и практики што можат да се применат и во други заедници во регионот.

087c59bd 786b 4569 9754 7fc907627816

Настанот продолжи со Pop Circularity Festival, интерактивна јавна иницијатива посветена на претставување на циркуларните практики развиени преку проектот CAROUSEL. Наместо класична конференција или изложба, фестивалот создаде отворен и динамичен простор каде локалните жители, посетителите, партнерите и останатите засегнати страни можеа непосредно да ја искусат циркуларната економија преку изложби, работилници, инспиративни приказни и практични активности.

Во текот на фестивалот, посетителите имаа можност да разгледаат циркуларни производи, да се запознаат со локални креативци и да учествуваат во работилници посветени на реупотреба на текстил, природни производи, искористување на дрво од морето и креативна пренамена на различни материјали.

Една од централните активности на фестивалот беше заедничкиот процес на ко-креирање насловен „Building the Bench“, во кој уметници, занаетчии, проектни партнери и членови на заедницата заедно изработија јавна клупа од повторно употребени материјали. Активноста заврши со свечено откривање на клупата, која симболично ги претставува соработката, креативноста и активното учество на заедницата.

4fc1d8a8 8486 4c70 af24 f2363d9ba63f

Пилот-активноста на Халки ја отсликува пошироката визија на CAROUSEL – Creating A maRketplace fOr Up-cycled productS sEcond Life, иницијатива која промовира напредни процеси на пренамена и повторна употреба на материјали преку развој на локални циркуларни екосистеми и засилена соработка меѓу јавните институции, креативните индустрии, бизнис-секторот и граѓаните. Низ целиот ADRION регион, партнерите продолжуваат заеднички да работат на трансформација на традиционалните модели на потрошувачка во циркуларни начини на живеење кои им даваат нова вредност и втор живот на материјалите и производите.

За МИР Фондација, учеството на средбата во Халки претставува уште еден важен чекор во поддршката на циркуларни решенија водени од локалните заедници, зајакнувањето на регионалната соработка и промовирањето иновативни пристапи кон одржливоста. Надоврзувајќи се на резултатите и соработката од претходните средби на проектот CAROUSEL, Фондацијата останува посветена на поттикнување на вклученоста на засегнатите страни, комуникацијата и соработката што ги поврзуваат локалните заедници со растечкото движење за циркуларна економија во Јадранско-јонскиот регион.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!