Бидете дел од ТвинТек Конект 2025 – конференција за иновации, трансфер на технологии и вмрежување
На 28 мај во Public Room, ќе се одржи ТвинТек Конект 2025 – конференција која ги обединува клучните чинители од јавниот, образовниот, истражувачкиот и бизнис секторот со цел размена на знаења, добри практики и идеи за поефикасен трансфер на технологии и јакнење на иновацискиот капацитет во земјата.
Влезот на ТвинТек Конект 2025 е слободен, а вашето присуство можете да го регистрирате на линкот: https://bit.ly/4mafj7w
ТвинТек Конект 2025 на едно место ќе ги собере претставниците од јавните и образовните институции, истражувачите, организациите и деловниот сектор со цел споделување на најдобрите практики во развојот на политики и унапредување на услуги меѓу клучните актери во иновацискиот екосистем.
Преку експертски панел-дискусии и интерактивни работилници, конференцијата ќе креира трајна платформа за учење за иновациски политики и услуги, со посебен фокус на трансферот на технологии.

Во ера на брзи технолошки промени, ТвинТек Конект 2025 ќе понуди уникатна можност за експерти, практичари и носители на одлуки од јавниот, образовниот и приватниот сектор да се поврзат, разменат искуства и се инспирираат.
Конференцијата е организирана од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia. Дознајте повеќе за ТвинТек 2025 на Facebook и LinkedIn профилите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР.