Преку подобрување на условите за трансфер на технологии кон зголемена конкурентност на македонската економија
Јавните политики во доменот на иновациите и технолошкиот развој се соочени со низа предизвици, вклучувајќи го решавањето на слабата економска структура, ниското ниво на продуктивност, јазот меѓу образовниот систем и пазарот на труд, високите нивоа на задолженост и невработеност, недоволно развиените врски во моделот на троен хеликс, недостатокот на иновациска и истражувачка дејност, недостатокот на вештини и капацитет за апсорпција на нови технологии.