STEM Discovery Lab – од податоци до реални решенија
STEM Discovery Lab е едукативна програма која има за цел да ги приближи науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката (STEM/STEAM) на девојчињата на интерактивен и охрабрувачки начин. Програмата е дел од европскиот проект STREAM IT, кој го спроведува Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) во партнерство со 21 организација од 20 земји.

Во рамки на програмата, учесничките имаат можност да учат преку практични активности, групни проекти и тимски предизвици, а фокусот е на процесот на учење, поставување прашања, пробување и откривање на решенија, наместо на „точни одговори“. Во спроведувањето на работилниците, МИР оствари успешна соработка со Startup Club Skopje, кои помогнаа во организацијата и имплементацијата.
Во третата и четвртата работилница, 20 девојки од различни средни училишта продлабочија знаењето и практичните вештини во STEM.




Работилница 3 – „Од податоци до решенија: Data Engineering“
Девојчињата се запознаа со основните поими за податоци, информација и алгоритми, како и со практична примена на Data Engineering. Тие работеа со едноставни податоци – собирање, средување и анализа и учеа како податоците се користат во апликации, AI и секојдневни ситуации. Дел од активностите на кои работеа учесничките беа: Data Bingo, Data Detectives и кратки презентации по групи. Оваа работилница беше предводена од страна на Драган Гелевски, CTO Hylosense, кој ги водеше девојките низ активностите со ентузијазам и практични примери.




Ги прашавме учесничките: Што им беше најинтересно и најкорисно во рамки на работилницата? – Прочитајте што споделија со нас:
„Највредно од работилницата ми беше изучувањето како се обработуваат податоците и како се отстрануваат непотребните информации.“
„Најинтересно и највредно ми беа практичните вежби со тимот и споделеното искуство на Драган.“
„Способноста да ги применам теоретските знаења во практични активности беше супер.“



Работилница 4 – „Coding & Robotics Lab: од логика до акција“
Четвртата работилница се одржа во просториите на ФабЛаб, во соработка со ФЕИТ, каде девојчињата работеа со Arduino и сензори. Тие создаваа практични проекти како рампи што се креваат, отклучување со RFID и контрола на светилки со звук. Работењето во мали групи им помогна да видат како логиката и кодот се претвораат во реални решенија. Работилницата беше реализирана од страна на Даниела Стојческа, асистент на ФЕИТ, која им помагаше на девојките во практичната работа и ги поттикнуваше на креативност и истражување.





Ги прашавме учесничките: Што им беше најинтересно и најкорисно во рамки на работилницата? – Прочитајте што споделија со нас:
„Најинтересно ми беше кога работеавме со сензорите и направивме сијаличката да се пали и гаси со звук.“
„Најмногу ми се допадна практичниот дел со Arduino програмите. Беше забавно и едукативно да се види како кодот станува нешто опипливо.“
„Секоја активност беше интересна, затоа што имав можност практично да го применам тоа што го научив.“
Благодарност и соработка
Благодарност до Драган Гелевски и Даниела Стојческа за нивната посветеност, експертиза и инспиративен пристап, како и до ФЕИТ и ФабЛаб за соработката која овозможи овие практични работилници.


Што следува?
Следната недела фокусот ќе биде ставен на вештачката интелигенција, со две работилници:
- Работилница 5: „Како размислува AI? – Вовед во вештачка интелигенција
- Работилница 6: „AI во Акција – Од реален проблем до паметно решение“
Програмата продолжува да овозможува практични проекти, средби со инспиративни улоги-модели и истражување на кариерни патеки во STEM.
STEM Discovery Lab е простор каде девојчињата учат дека имаат право да прашуваат, експериментираат и да ја градат својата иднина во STEM – со љубопитност, самодоверба и поддршка.
📢 Следете ја веб-страницата и комуникациските канали за наредните сесии и активности.
