4

Откри ја својата иднина во STEM – приклучи се на STEM Discovery Lab!

4

Многу девојчиња уште во тинејџерските години започнуваат да го откриваат светот на науката и технологијата – STEM Discovery Lab е програма која токму во тој момент нуди поддршка, насока и простор за истражување на STEM и AI.

STEM Discovery Lab е интензивна, интерактивна 4-неделна програма за девојчиња на возраст од 14 до 18 години, создадена да ја поттикне љубопитноста, да изгради самодоверба и да отвори нови можности за идно образование и кариера во науката, технологијата и вештачката интелигенција. Програмата се темели на пристапот учење преку правење и комбинира практична работа, тимска соработка и менторство од жени професионалки во STEM.

Дел од европската иницијатива STREAM IT

STEM Discovery Lab се реализира во рамки на STREAM IT – Streaming Girls and Women into STEM Education, Innovation and Research, европска иницијатива која има за цел да придонесе кон намалување на родовите нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите и да ја зголеми видливоста и атрактивноста на STEM кариерите за девојчињата и младите жени.

Како е структурирана програмата?

Програмата трае 4 недели, со почеток од 26 јануари, и вклучува:

  • 2 работилници во живо неделно (понеделник и четврток) во просториите на Стартап Клуб Скопје;
  • 1 онлајн викенд-сесија за рефлексија, разговор и менторство.

Тематските целини по недели се:

  • Недела 1: Откриј се себеси, откриј STEM
  • Недела 2: Учење преку правење – Coding, Robotics и STEAM пристапи
  • Недела 3: Вештачка интелигенција и иднината на STEM
  • Недела 4: Тимски предизвик, јавни презентации и теренска посета

Што добиваат учесничките?

Со учество во STEM Discovery Lab, девојчињата добиваат:

  • сертификат за учество;
  • практично искуство со реални STEM и AI алатки;
  • менторска поддршка од жени професионалки во STEM;
  • работа во тим и нови пријателства;
  • посета на AI/Tech компанија;
  • зголемена мотивација и појасна визија за идна STEM кариера.
2

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат:

  • девојчиња на возраст од 14 до 18 години;
  • млади со интерес за наука, технологија, креативност и учење;
  • учеснички без разлика на претходно искуство во STEM.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.
Аплицирај тука:https://forms.gle/6Cud7gjdiaqdRUa79

За проектот

STEM Discovery Lab е дел од европската иницијатива STREAM IT, финансирана од Европската Унија, која има за цел унапредување на родово-инклузивни пристапи во STEM образованието, иновациите и истражувањето. Проектот е носен од Фондација МИР – Мрежа за иновации и ресурси, а се спроведува од Стартап Клуб Скопје, организација посветена на развој на младинско претприемништво, иновации и идни вештини.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!