3

Обуки за дигитална трансформација создадени за компании кои работат со производи и услуги

Во време кога технологијата го менува секој аспект од деловното работење, дигиталната трансформација станува предуслов за конкурентност, ефикасност и одржлив раст. Со цел да им помогнеме на македонските компании да ги препознаат и искористат можностите што ги нуди дигитализацијата, подготвивме две специјализирани обуки, дизајнирани според различни деловни модели и потреби.
Учесниците може да се пријават за една или двете обуки, во зависност од областа во која делуваат и потребите на својата компанија.

3

Обука 1: Дигитална трансформација за компании кои работат со производи (04.11.2025)

Оваа обука е наменета за компании што сакаат да ги оптимизираат своите процеси преку современи дигитални решенија. Преку интерактивни активности и практични примери, ќе добиете јасна слика за тоа што навистина претставува дигиталната трансформација и кои придобивки може да донесе за нивниот бизнис.

1 (1)

Ќе бидат претставени технологии што создаваат најголема вредност – ERP, CRM, WMS, IoT, RFID и вештачка интелигенција – со примери од локалниот контекст. Ќе се обработат и клучните елементи на стратегија за дигитална зрелост, практични чекори за имплементација и начини за градење организациска култура што ја поддржува промената и иновацијата.

Со учество на оваа обука:

  • Ќе научите како со помош на современи дигитални технологии да ги оптимизирате производните и трговските процеси.
  • Ќе дознаете како да ги намалите трошоците и да ја зголемите ефикасноста.
  • Ќе добиете практични примери и алатки за пристап кон дигитална трансформација со мали, мерливи чекори кои носат реални резултати.
  • Ќе добиете конкретни насоки, ресурси и препораки за дигитални решенија прилагодени на македонските МСП.

Обука 2: Дигитална трансформација за услужни компании (11.11.2025)

Оваа обука е фокусирана на компании кои нудат услуги и сакаат да ја унапредат ефикасноста, комуникацијата со клиентите и квалитетот на своите услуги преку дигитални алатки и иновации.

2

Во текот на обуката, ќе ги истражите начините на кои дигитализацијата ги менува очекувањата на клиентите и ќе научите како да создадете современо, дигитално корисничко искуство. Ќе се запознаете со најкорисните технологии за услужниот сектор – CRM системи, cloud решенија, автоматизација, аналитика и алатки базирани на вештачка интелигенција (вклучувајќи ChatGPT), со посебен акцент на заштитата на податоци при користење на cloud платформи.

Што ќе добиете со учество на обуката:

  • Ќе истражите како дигитализацијата може да ја подобри комуникацијата со клиентите, управувањето со услуги и интерните процеси.
  • Ќе се запознаете со практични алатки за автоматизација, онлајн соработка и аналитика.
  • Ќе разгледате успешни примери на дигитална трансформација во услужниот сектор.
  • Ќе добиете јасен патоказ и бесплатни ресурси за воведување на дигитални решенија.
Goce djurovski photo

Предавач: Гоце Џуровски

Гоце Џуровски е ERP консултант и проектен менаџер со долгогодишно искуство во дигитална трансформација и оптимизација на бизнис процесите. Учествувал во бројни проекти финансирани од ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД, како и во развој и имплементација на софтверски решенија за компании од различни сектори. Со своето техничко и советодавно знаење активно придонесува кон подобрување на ефикасноста и конкурентноста на малите и средните претпријатија.

Пријавување

Секој учесник може да се пријави за една или двете обуки, во зависност од потребите на својата компанија.
Бројот на места е ограничен!  За да го резервирате своето место, пријавете се денес со пополнување на следниот формулар.

Обуките се организирани од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia. 

Овие обуки се во согласност со препораките и приоритетите утврдени во ТвинТек Конект 2025 Комунике, во кое е нагласена потребата од зајакнување на дигиталните капацитети, унапредување на иновациската култура и поттикнување на соработката меѓу различни актери во екосистемот, како предуслов за понатамошен развој и премин кон Индустрија 4.0. Преку овие специјализирани обуки, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и нејзините партнери ги претвораат препораките од Комуникето во практична акција – поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација и зголемување на нивната ефикасност и конкурентност.

Агенди 

Агенда Дигитална трансформација за компании кои работат со произоди page 0001
Агенда Дигитална трансформација за компании кои работат со произоди page 0002
Агенда Дигитална трансформација за услужни компании page 0001
Агенда Дигитална трансформација за услужни компании page 0002

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!