Вебинар: Лидерство во пракса – откријте го вашиот уникатен стил како жена лидер
Лидерството не е еднообразен концепт – секој лидер има свој начин на комуникација, мотивирање и носење одлуки. Преку овој вебинар ќе дознаете кои типови на лидерство постојат, како да го идентификувате сопствениот стил, и како да го приспособите на различни работни ситуации.

Настанот е наменет за жени кои сакаат подобро да ги разберат своите лидерски капацитети и да ги развијат вештините потребни за ефикасно водење во современиот професионален контекст.
Агенда 28.10.2025 (вторник) 11:00-12:00 часот
| 11:00 – 11:10 | Добредојдовте и запознавање со проектот „EMPOWERING“ – Миа Ботинова Димитрова, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување |
| 11:10 – 11:50 | Лидерство и лидерски стилови – д-р Стојан Дебарлиев – Редовен професор по менаџмент и бизнис планирање и претприемништво на Економскиот факултет при УКИМ |
| 11:50 – 12:00 | Прашања, одговори и отворена дискусија |
На вебинарот ќе добиете:
- преглед на различни стилови на лидерство и нивната примена
- насоки за идентификување на стилот што најдобро одговара на вашата личност
- совети за адаптација на лидерскиот пристап во различни ситуации
Резервирајте го вашето место бесплатно и регистрирајте се на следниот линк.
Дознајте како да изградите автентичен лидерски стил кој ќе го одразува вашиот професионален идентитет!
Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.
Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.
Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:
- IPRA/MEDEF од Франција
- Fundacja Digital Creators од Полска
- Confindustria Toscana Servizi од Италија
- European Centre For Women And Technology од Норвешка
- Фондација за менаџмент и индустриско истражување од Македонија
