Copy of testo del paragrafo

Интервју со Елена Лазова: Каде што традицијата се среќава со иновацијата во прехранбената индустрија

Создадовме платформа за жени миленијалки кои работат во индустријата и се подготвени да ги споделат своите успешни приказни. Започнавме серијал интервјуа каде ги пренесуваме нивните инспиративни искуства и успеси, ставајќи акцент на жените што го трансформираат светот околу себе. Разговараме со Елена Лазова, маркетинг менаџер во компанијата „Кристал 1923“.

Copy of testo del paragrafo

Можете ли да ни кажете повеќе за компанијата во која работите и нејзината цел?

Работам како маркетинг менаџер во компанијата „Кристал 1923“, една од најстарите компании во македонската прехранбена индустрија, со повеќе од еден век традиција. Компанијата претставува модерен прехранбен капацитет со целосен процес на производство – од откуп на семиња до финални производи под строго контролирани услови. Кристал е препознатлив бренд по своето сончогледово масло и маргарин, а истовремено нуди и широк асортиман на прехранбени артикли како таан алва, локум, желе бонбони, зачини и оцети. Нашата цел е да понудиме здрав, безбеден и достапен производ, со постојан фокус на одржливост, домашно производство, технолошка иновативност и доверба што ја градиме со генерации на потрошувачи. Како тим, се стремиме да бидеме не само производител, туку и одговорен партнер во секојдневието на потрошувачите.

Со какви предизвици сте се соочиле како жена миленијалец која работи во вашата индустрија, и како сте ги надминале?

Како жена миленијалец во производствена и традиционално структурирана индустрија, се соочив со повеќеслојни предизвици – од родови перцепции до генерациски разлики во пристапот кон работа, комуникација и иновација. Генерацискиот јаз знаеше да се покаже во начинот на кој различни колеги гледаат на дигитализацијата, флексибилноста, или потребата од брзи маркетинг адаптации. Наместо да ги доживеам тие разлики како пречка, се обидов да ги разберам и да создадам дијалог помеѓу традицијата и модерниот пристап. Верувам дека токму таа комбинација – енергијата и иновацијата на мојата генерација, заедно со стабилноста и искуството на претходните – е рецепт за успешно соочување со предизвиците.

Img 2896

Кои компетенции или вештини сметате дека се највредни за жените миленијалци на работното место, и зошто?

Највредни се адаптивноста, емоционалната интелигенција и дигиталната писменост. Жените миленијалци често имаат изразена способност за емпатија и комуникација, што е клучно во лидерството и тимската работа. Во маркетингот, овие вештини се дополнети со аналитичко размислување, креативност и разбирање на дигиталните трендови, што овозможува подобро поврзување со публиката и создавање автентични брендови.

Како жените миленијалци можат да продолжат да ги развиваат и усовршуваат своите вештини во индустријата?

Жените миленијалци имаат привилегија, но и одговорност, да растат во време на брзи промени – што значи дека континуираното учење не е опција, туку потреба. Онлајн курсевите, стручните обуки, следењето на глобални трендови и нови технологии се одличен начин да се остане во чекор со развојот на индустријата. Менторството и вмрежувањето со други професионалци од индустријата исто така играат важна улога. Споделувањето искуства, алатки и добри практики може да го забрза личниот и професионалниот развој. Најважно е да се биде проактивен – да се бараат нови одговорности, да се поставуваат прашања, и да не се чека совршен момент за учење, туку да се учи во самата работа.

Како сметате дека жените миленијалци носат уникатна перспектива во индустријата во споредба со претходните генерации? 

Нашата генерација порасна во период на брзи технолошки промени и е повеќе ориентирана кон инклузивност, социјална одговорност и автентичност. Жените миленијалци често пристапуваат кон работата со поголема флексибилност, но и со јасно дефинирани вредности. Тоа значи дека гледаме на брендот не само како на производ, туку како на општествена порака и култура што треба да инспирира и поврзува.

Како ја гледате улогата на менторството и поддржувачките мрежи во напредокот и успехот на жените миленијалци на работното место?

Менторството има огромна улога – не само во развојот на кариерата, туку и во зголемување на самодовербата и добивање јасна насока во сложени деловни ситуации. Поддржувачките мрежи, било формални или неформални, им помагаат на жените да споделуваат искуства, ресурси и совети. Во мојата кариера, имањето поддршка од поискусни професионалци направи клучна разлика во начинот на кој се носев со одлуки и предизвици.

Img 2901


Елена Лазова

Маркетин менаџер –

Кристал 1923

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!