Screenshot 2025 08 05 095538

ТвинТек Конект 2025 Комунике: Унапредување на иновациите, трансферот на технологии и соработката за изградба на одржлив иновациски екосистем

На 28 мај 2025 година во Скопје се одржа конференцијата ТвинТек Конект 2025, којa обедини широк спектар учесници од академската заедница, индустријата, јавните институции, граѓанскиот сектор и истражувачките организации. Целта беше да се поттикне конструктивна размена на идеи и да се најдат практични решенија за унапредување на иновацискиот екосистем во државата.

Учесниците активно дискутираа во рамките на различни тематски сесии посветени на дигиталната трансформација, циркуларната економија, културата на иновации и трансферот на технологии. Истакната беше итната потреба од јасни и трајни механизми кои ќе ги поврзат сите засегнати страни, со цел да се поттикне одржлив и инклузивен економски раст.

Учесниците идентификуваа неколку клучни согледувања:

  • Човечкиот капитал, особено во академските и техничките институции, е значајна предност, но често не е целосно искористен поради слабата поврзаност меѓу академијата и индустријата .
  • Иако постојат интересни проекти во областа на дигитализацијата, циркуларната економија и иновациите, тие се претежно изолирани и краткорочни, без јасна долгорочна стратегија и поширока координација.
  • Претприемачкиот дух е присутен, но недостатокот на финансиски и останати ресурси го ограничува развојот на стартапите и новите компании.
  • Постојат релевантни политики во овие области, но недостасуваат соодветни механизми за нивна имплементација.
  • Трансферот на технологии бележи раст, но сè уште му недостасува цврста инфраструктура и интензивна меѓусекторска соработка за максимално искористување на потенцијалот.

И покрај овие предизвици, учесниците нагласија дека се забележува се поголем напредок. Пилот-проекти, локални иницијативи и институционални реформи полека создаваат основа за пошироки системски промени. Во иднина, клучно ќе биде вложувањето во заедничка соработка и долгорочна усогласеност меѓу сите засегнати страни.

Ова заедничко разбирање ги обликува и препораките што следуваат во документот подолу – не како универзални решенија, туку како основа за јакнење на капацитетите и отпорноста на македонскиот иновациски екосистем.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!