Stream it webinar #2 linkedin 1

Вебинар – Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди

Во рамките на проектот STREAM IT, продолжуваме со серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа – NIH. Вториот вебинар насловен Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди е наменет за образовните и истражувачките институции (основно, средно и високо образование), невладините организации и сите девојки и млади жени во STE(А)M.

Stream it webinar #2 instagram 1

Овој вебинар ќе се фокусира на моќта на менторството како алатка за личен развој, професионален напредок и справување со родовата нееднаквост. Особено внимание ќе се посвети на искуствата на студентките и средношколките и  на улогата на професори/наставници/менторите во нивното охрабрување и поддршка.

Дополнително, ќе се отвори прашањето за вклучувањето на младите во борбата против родовите предрасуди, како и за потребата од градење праведно и инклузивно општество. Ќе бидат претставени позитивни примери и иницијативи од образованието со цел мотивирање и поттикнување на активна улога на девојките во STEAM образованието.

Агенда 07.08.2025 (четврток) 11:00 – 12:00 часот

11:00–11:15 Добредојде и запознавање со проектот STREAM IT – Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
11:15–11:45Stella Network – Теодора Милеска 
11:45–12:00Прашања и одговори и отворена дискусија

Резервирајте бесплатно место и регистрирајте се на следниот линк: 

Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди

Stream it webinar #2 instagram 2

Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!