Naslovna

Успешно организирана фокус група во рамки на прекуграничниот проект „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“

На 13 декември 2024 година, Фондација МИР организираше фокус група во рамки на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“. На настанот, кој се одржа во Хотел Парк во Скопје, учествуваа различни претставници од јавниот и приватниот сектор, како и претставници од невладиниот сектор кои се залагаат за подобрување на положбата на жените во индустриите кои традиционално се доминирани од мажи.

20241213 111342

Целта на фокус групата беше да се отвори простор за конструктивен дијалог околу клучните предизвици со кои се соочуваат жените во овие сектори, како и да се разгледаат начини за унапредување на нивниот статус и еднакви можности на работните места. Учесниците дискутираа за важноста на политиките и институционалната поддршка, но и за значењето на образованието и обуките, како и потребата од преквалификација и неформално образование за жените.

20241213 103512

На фокус групата учествуваа претставници од:

  • Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија
  • Општината Ѓорче Петров
  • Јавната институција Центар за образование на возрасни
  • Невладини организации кои работат на подобрување на положбата на жените
  • Средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски“
  • Градежна компанија
  • Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС)
20241213 105504

Дискусиите и собраните идеи ќе бидат искористени за развој на препораки, кои ќе бидат вклучени во бриф за политики. Овие препораки имаат за цел да ги информираат релевантните засегнати страни за конкретни мерки што треба да бидат преземени за поддршка на жените во овие сектори, со што ќе се помогне во понатамошното унапредување на родовата еднаквост на работните места, како на национално така и на регионално ниво.

Овој проект го спроведуваат Фондација за менаџмент и индустриско истражување – МИР во партнерство со Граѓанското здружение „Праведни и Професионални“, Здружение на бизнис жени во Србија и Здружение на бизнис жени Врање. Проектот се спроведува во Република Србија: Врање со две градски општини: Врање и Врњска Бања, општина Владичин Хан и општина Трговиште и во Република Северна Македонија во општините Бутел и Ѓорче Петров.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!