Тркалезна маса на тема: „Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка?“

На 18-ти септември 2018 (вторник), во Опера Хаус Хотел во Скопје со почеток од 12:30 часот, ќе се одржи настан на тема „Можност за претприемништво, мерки и програми за поддршка?“. Настанот е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Проектот e имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

На настанот ќе бидат споделени искуства на оваа тема од надворешен експерт од Хрватска, ќе бидат презентирани согледувањата на оваа тема според регионални, европски и светски движења од страна на претставник од Хрватска со долгогодишни истражувања на оваа тема како и објаснети можностите за претприемништво, мерките и програмите за поддршка на претприемништво.

Преку овој настан ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации кои се битни за претприемништво како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до пошироката јавност.

Агендата на настанот е следна:

 Време  Активност
12:30 – 13:00 Регистрација на учесниците
13:00 – 13:10 Отворање и воведно обраќање од проектниот тим
13:10 – 13:25 Споделување на искуства
Г-ѓа Драгица Јерков, надворешен експерт од Хрватска
13:25 – 13:40 Регионални, Европски и светски движења
Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ, ГТФ – Иницијатива за одржлив раст од Хрватска
13:40 -14:20 Дискусија помеѓу претставници од засегнати страни и институции/организации кои работат на поддржување на претприемништво
14:20 Коктел

Сите заинтересирани своето присуство може да го пријават со пополнување на формуларот на следниот линк: https://goo.gl/forms/G9NWmdo6InEUAOJn1

Релевантните информации за овој проект може да ги најдете на  веб порталот: http://www.wecontribute.mk