Трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“

 

Фондација Претприемачки сервис за млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија, ги поканува сите млади претприемачи и млади луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис, да земат учество на претстојната трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“.

  • 15-ти септември 2017 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Хотел Парк, Скопје, по што ќе следи коктел за вмрежување.
  • Предност за учество ќе им се даде на кандидатите на возраст од 18 до 40 години.
  • Покана да учествуваат сите припадници на различни немнозински етнички заедници од територијата на град Скопје.
  • Официјален јазик на кампот е македонски, со можност за обезбедување превод.

Ова е прв од серијата шест настани за размена на идеи и предлози, дискусија и вмрежување, како дел од кампањата „И јас сум претприемач“ во рамки на проектот. Бројот на учесници е ограничен на 30.
Агенда:
11:30–12:00 – Регистрација на учесници
12:00–12:30 – Презентација на мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво и добри пракси од граѓанскиот сектор за подобрување на мултиетничкото претприемништво
12:30–12:45 – Кратка презентација на активни мерки за самовработување и видови на поддршка (Агенција за вработување на Р. Македонија)
12.45–13.00 – Кратка презентација на добри пракси за лобирање, вмрежување и соработка на припадници на немнозинските етнички заедници (Агенција за остварување на правата на заедниците)
13:00–14:00 – Дискусија и размена на добри пракси, идеи, предлог-мерки, акции и идни чекори за стимулирање на мултиетничката соработка и младинското претприемништво
14:00–15:00 – Kетеринг и вмрежување

Зошто да учествуваш?

  • Запознавање, дискусија и вмрежување помеѓу млади претприемачи, млади луѓе што сакаат да започнат свој бизнис и претставници на релевантни институции за поддршка;
  • Унапредување на сознанијата за предлог-мерки и добри пракси наменети за раст, развој и напредок на бизнисот;
  • Размена на идеи и предлози за зголемување на ефикасноста на мерките и иницијативите за бизнис поддршка и мултиетничка соработка;
  • Фокус на перспективата и потребите на корисниците – постоечки и идни претприемачи;
  • Забава надополнета со коктел за вмрежување.

Заинтересираните кандидати треба задолжително да пополнат пријава најдоцна до 12-ти септември 2017 (вторник).

Организаторот ќе направи потесен избор на кандидати согласно пополнетите пријави и мотивацијата за учество и ќе ги извести селектираните кандидати.

Повеќе информации за учеството на трибината и за информации поврзани со проектот можете да добиете на 02 3103-660 или на olivera.aritonoska@yes.org.mk.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија, го имплементираат Фондација Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.