Cover Riste Dok

“ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ: КАКО ДА СЕ ПРЕМОСТИ РОДОВИОТ ЈАЗ “

“ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ: КАКО ДА СЕ ПРЕМОСТИ РОДОВИОТ ЈАЗ “ е документот што како резултат на работата на Секторската група на Националната платформа за женско претприемништво беше креиран. Проектот Национална платформа за женско претприемништво е имплементиран од страна на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори Македонија.

“Затоа согледувајќи дека жените претприемачи имаат насушна потреба од примена на пософистицирани алатки во работата и дигитализација на бизнис процесите треба целосно да се зајакне местото на жената во современиот свет на дигитализацијата. Дигитализацијата е еден од трите фундаментални процеси кои поттикнуваат промени во економската, социо-политичката и културната сфера. Заедно со глобализацијата и
демографските промени, дигитализацијата се смета за клучен ресурс и поттикнувач во сите прогресивни текови на цивилизациската трансформација„-вели во почетното Извршно резиме авторот.

Целиот документ може да го погледнете на следниот линк : 

https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2022/11/Zenite-pretpriemaci-i-digitalniot_svet.pdf