Втор годишен Самит за женско претприемништво 2022 насловен “Инспиративна иднина“ на Националната платформа за женско претприемништво
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, партнер на проектот Национална платформа за женско претприемништво кој се спроведува заедно со Здружение на бизнис жени
и Сојуз на стопански комори на Македонија денеска го отвори Вториот Самит за женско претприемништво 2022 насловен како ”Инспиративна иднина”.
Во поздравниот говор свое излагање имаа Г-ѓа Елисабета Георгиева , претставник од
Делегацијата на ЕУ која е поддржувач и кофинансиер на овој проект, Г-дин Зоран
Маневски –Заменик Министер за економија од Министерството за економија, партнер
во доделување на наградите на најуспешните жени претприемачки за 2022 година,
Г-ѓа Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи, голем поддржувач на
Националната платформа за женско претприемништво како и креаторите на Националната
платформа за женско претприемништво Г-ѓа Габриела Костовска Богоеска, Извршен
директор на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Г-ѓа Валентина
Дисоска, Претседател на Здружение на бизнис жени и Г-дин Трајан Ангелоски,
претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Со доделување на наградите за најуспешните жени претприемачки во 2022 година , се
заокружи свеченото отварање на Вториот Самит за женско претприемништво.
Наградите се доделуваат во соработка со Министерството за економија, која
според листингот на Централниот регистар ги издвојува најуспешните. Оваа година
2022, најуспешни ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ се: Најдобра жена претприемач во категоријата микро компании е Г-ѓа Даниела Јосевски, Јосевски Консалтинг од Кочани; Најдобра жена претприемач во категоријата мали компании е Г-ѓа Ивана Спасев, Сакам Книги-Скопје; Најдобра жена претприемач во категоријата средни компании Г-ѓа Славица Алексоска, СА ТЕКСТИЛ-Прилеп.
На првата Панел дискусија учествуваа дел од градоначалници и претставници од
општините кои веќе креираа Совет за женско претприемништво , а темата беше
“Локалните достигнувања во креирање на политики за развој на женско
претприемништво“. На Панелот присуствуваа Градоначалникот на Кратово, Г-дин Тодорче
Николовски , Градоначалникот на Карпош Г-дин Стевчо Јакимовски и
претставничката на Општина Охрид Г-ѓа Милена Гроздановска и Г-ѓа Нела
Маскаловска, претставничка од Општина Струмица.
На втората Панел дискусија насловена како ”Меѓународни искуства и успешни
Г-ѓа Аида Зубчевиќ – Претседател на Здружение на бизнис жени од Босна и Херцеговина
и сопственик на Фаведа д.о.о; Г-ѓа Љубица Костиќ Букарица – Претседател на Здружение на бизнис жени од Црна Гора и сопственик на Маскоде д.о.о; Г-ѓа Berrn Kuleli – Потпретседател на Турската Асоцијација за бизнис жени и основач на Piramit Danismanlik; Г-ѓа Ianina Cozari – Уредник на уметничко-културниот белгиски сајт www.cozaripress.com , ПР-менаџер на театарот Антверприза“ (Антверпен) www.antwerpriza.be, Член на прес-клубот Брисел www.pressclub.be, Основач на „MediArt dialog“ (Молдавија – Културно здружение на Европската Унија). Со видео порака поздравно обраќање имаше и Г-ѓа Лина Тсалампаси, претседател на
Здружението на бизнис жени на Грција -СЕГЕ.
Третата Панел дискусија на тема “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени“ панелисти беа: Г-ѓа Катерина Аџиска Јованоска – генерален директор на ФИТОФАРМ; Г-ѓа Влора Адеми – Ко-основач и извршен директор на Швајцарско- македонска ИТ
компанија Digicube; Г-ѓа Јасмина Чанева Лазовска – Основач и менаџер на МК Вера Монд; Г-ѓа Марија Ристеска – Координаторка за политики на ЕБРД програмата за жени во
бизнис во Западен Балкан.