1

Вебинар: Лидерство во пракса – откријте го вашиот уникатен стил како жена лидер

Лидерството не е еднообразен концепт – секој лидер има свој начин на комуникација, мотивирање и носење одлуки. Преку овој вебинар ќе дознаете кои типови на лидерство постојат, како да го идентификувате сопствениот стил, и како да го приспособите на различни работни ситуации.

1

Настанот е наменет за жени кои сакаат подобро да ги разберат своите лидерски капацитети и да ги развијат вештините потребни за ефикасно водење во современиот професионален контекст.

Агенда 28.10.2025 (вторник) 11:00-12:00 часот

11:00 – 11:10Добредојдовте и запознавање со проектот „EMPOWERING“ – Миа Ботинова Димитрова, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
11:10 – 11:50Лидерство и лидерски стилови – д-р Стојан Дебарлиев – Редовен професор по менаџмент и бизнис планирање и претприемништво на Економскиот факултет при УКИМ
11:50 – 12:00Прашања, одговори и отворена дискусија 

На вебинарот ќе добиете:

  • преглед на различни стилови на лидерство и нивната примена
  • насоки за идентификување на стилот што најдобро одговара на вашата личност
  • совети за адаптација на лидерскиот пристап во различни ситуации

Резервирајте го вашето место бесплатно и регистрирајте се на следниот линк.

Дознајте како да изградите автентичен лидерски стил кој ќе го одразува вашиот професионален идентитет!

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на:

  • IPRA/MEDEF од Франција
  • Fundacja Digital Creators од Полска
  • Confindustria Toscana Servizi од Италија
  • European Centre For Women And Technology од Норвешка
  • Фондација за менаџмент и индустриско истражување од Македонија

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!