Profil 7

СмартДигитал: Услуги за дигитализација и одржливост за претприемачи

Дигитализацијата може да донесе неколку придобивки за бизнисот, вклучувајќи поголема ефикасност и пониски трошоци. Дигиталната трансформација го менува начинот на кој функционира една организација. Системите, процесите, работниот тек и културата се дел од овој процес. Оваа трансформација влијае на секое ниво на организацијата и ги обединува податоците низ областите за поефективно да работат заедно.

8 бенефити од дигиталната трансформација

  • Подобрено собирање податоци
  • Подобро управување на ресурси
  • Подобро утврдување на потребите на клиентите
  • Подобро искуство за клиентите
  • Промовирање дигитална култура и соработка
  • Зголемен профит
  • Зголемена агилност
  • Подобрена продуктивност

Како може да ви помогнеме?

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамките на Enterprise Europe Network нуди основна и напредна оценка на дигиталната перформанса на компанијата, помага во дефинирањето на приоритетите за дигитална трансформација, нуди информации за пристап до финансии и технологии за дигитална трансформација.

Актуелни проекти

Со поддршка од Министерството за економија го реализираме проектот СмартДигитал: Услуги за дигитализација и одржливост за претприемачи, со цел обезбедување услуги за зголемена конкурентност, одржливост и иновациски капацитет. Во рамките на проектот ќе се креираат специјализирани алатки за оценка на дигиталната и одржливата перформанса на компаниите, а планирани се и две работилници за дигитална трансформација.

Корисни линкови