СмартДигитал: Услуги за дигитализација и одржливост за претприемачи
Дигитализацијата може да донесе неколку придобивки за бизнисот, вклучувајќи поголема ефикасност и пониски трошоци. Дигиталната трансформација го менува начинот на кој функционира една организација. Системите, процесите, работниот тек и културата се дел од овој процес. Оваа трансформација влијае на секое ниво на организацијата и ги обединува податоците низ областите за поефективно да работат заедно.
8 бенефити од дигиталната трансформација
- Подобрено собирање податоци
- Подобро управување на ресурси
- Подобро утврдување на потребите на клиентите
- Подобро искуство за клиентите
- Промовирање дигитална култура и соработка
- Зголемен профит
- Зголемена агилност
- Подобрена продуктивност
Како може да ви помогнеме?
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамките на Enterprise Europe Network нуди основна и напредна оценка на дигиталната перформанса на компанијата, помага во дефинирањето на приоритетите за дигитална трансформација, нуди информации за пристап до финансии и технологии за дигитална трансформација.
Актуелни проекти
Со поддршка од Министерството за економија го реализираме проектот СмартДигитал: Услуги за дигитализација и одржливост за претприемачи, со цел обезбедување услуги за зголемена конкурентност, одржливост и иновациски капацитет. Во рамките на проектот ќе се креираат специјализирани алатки за оценка на дигиталната и одржливата перформанса на компаниите, а планирани се и две работилници за дигитална трансформација.
Корисни линкови
- Дигитална трансформација за мали и средни претпријатија: Патоказ до успехот (http://www.zonel.com.mk/2023/03/27/digitalna-transformacija/)
- Дигитална трансформација во индустријата (https://www.iiconsortium.org/white-papers/industry/)
- Дигиталната трансформација на Shell (https://www.youtube.com/watch?v=hTUhn4dURf4)
- Компоненти на дигиталната трансформација (https://www.youtube.com/watch?v=qB7xh832MrE)