Screenshot 2023 12 14 142809

Смарт Дигитал: Услуги за Дигитализација и Одржливост за Претприемачи

Денес започна Обуката „Стратешки пристапи кон дигитална трансформација во услужно ориентирани бизниси“ наменета за Мали и средни претпријатија кои имаат амбиција да растат на меѓународни пазари, Старт ап компании, Брзо растечки компании. Обуката е организирана од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со мрежата Enterprise Europe Network и со поддршка на Министерство за економија.

Screenshot 2023 12 14 142809

🚀 Што се обработи на обуката?

💡 Вовед и Значење: Учесниците добија детален преглед за значењето на дигиталната трансформација во услужно ориентирани бизниси.

🔄 Дигитална Трансформација: Се разговараше за дигиталната трансформација во претпријатијата, со фокус на оние кои работат со услуги. Идентификување на клучните двигатели и предизвици беа дел од овој дел. Беа обработени дигиталните стратегии за извонредна услуга како и учесниците се апознаа со имплементација на дигитални технологии при испорака на услуги.

📈 Трендови и Истражување: Истражување на дигиталните трендови во услужните дејности, како и влијанието на дигиталните технологии врз испораката на услуги.

🛠️ Практични Стратегии: Предавачот ги сподели стратегиите за усвојување дигитални технологии во услужно ориентирани бизниси како и отвори дискусија за како до реализација на добивки од ефикасност и подобрено задоволство на клиентите.

🤝 Заедничко Вмрежување и Искуства: Перфектна можност за учесниците да се вмрежат, споделат искуства и разговараат за иновации и предизвици. Анализирање на успешни случаи на дигитална трансформација во индустрии засновани на работа услуги. Беа споделени и научени лекции и најдобри практики

🔍 Следни Чекори и Завршни Зборови: На крајот на обуката, се дискутираа следни чекори и ресурси за тековно учење.

Сите присутни учесници ќе добијат сертификат за учество по завршување на обуката. Благодариме на сите учесници за учеството и активноста. Следете ги нашите објави за идни настани и обуки.

Teal Modern Online Business Webinar Instagram Post 1

🌐📚 #ДигиталнаОбука #ТрговијаИПроизводство #ДигиталнаТрансформација