ScaleUP Bootcamp 2025: буткамп за финансирање, дигитализација и раст на скејл-ап претпријатија
Во динамичното деловно опкружување, растот на компаниите зависи од нивната способност да ги комбинираат иновациите, дигитализацијата и паметното финансирање. Токму затоа, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување организира дводневен ScaleUP Bootcamp 2025, наменет за претпријатија кои се подготвени за следниот чекор во своето скалирање.

Настанот ќе се одржи на 13 и 14 ноември 2025 година во Public Room – Скопје и е осмислен како практична поддршка за компании кои сакаат да го поттикнат својот раст преку дигитални технологии, иновативни пристапи и ефективни стратегии за финансирање.
Буткампот комбинира презентации од експерти, студии на случаи и интерактивни сесии со цел да им помогне на учесниците да најдат вистински решенија за своите предизвици.
Ден 1: Раст преку дигитализација
Првиот ден е фокусиран на тоа како технологијата може да го поттикне растот. Преку практични примери и дискусии, учесниците ќе научат:
- како да користат податоци и вештачка интелигенција за подобро донесување одлуки;
- како да изградат култура на дигитална иновација во компанијата;
- како да го задржат балансот меѓу брзината и стабилноста при раст.
Денот ќе заврши со групна практична работа и споделување на искуства помеѓу учесниците.
Ден 2: Иновации, финансии и проширување на пазарот
Вториот ден ги обединува темите на иновациите и финансиите – со посебен акцент на тоа како да се привлече капитал, да се развијат скалабилни производи и да се зголеми присуството на нови пазари. Преку предавања и практична работа, учесниците:
- ќе добијат увид во најновите технологии како вештачка интелигенција, blockchain и IoT;
- ќе совладаат техники на ко-креирање, брзо прототипирање и Design Thinking;
- ќе научат како да подготват и презентираат успешен инвеститорски пич.
Буткампот ќе заврши со симулација на пичирање пред панел на експерти, со директна повратна информација и насоки за понатамошен развој.
Зошто да учествувате?
Со учество на ScaleUP Bootcamp 2025, компаниите ќе добијат:
- конкретни знаења и алатки за дигитално скалирање и управување со растот;
- насоки и практични совети за пристап до инвеститори, фондови и европски програми за поддршка;
- можност за размена на искуства и вмрежување со претприемачи, експерти и инвеститори кои го обликуваат бизнис екосистемот во Македонија.
Пријавување
Бројот на места е ограничен. За да го резервирате вашето место, пријавете се преку пополнување на следниот формулар.
Настанот е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со Enterprise Europe Network Macedonia и проектот POLICY ANSWERS.
Овој настан е во согласност со препораките и приоритетите утврдени во ТвинТек Конект 2025 Комунике, во кое е нагласена потребата од зајакнување на дигиталните капацитети, унапредување на иновациската култура и поттикнување на соработката меѓу различни актери во екосистемот, како предуслов за понатамошен развој и премин кон Индустрија 4.0. Преку овој дводневен буткамп, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и нејзините партнери ги претвораат препораките од Комуникето во практична акција – поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација и зголемување на нивната ефикасност и конкурентност.


