Baner Rodovi Stereotipi

Придружете ни се на Обуката за надминување на родовите стереотипи на пазарот на труд!

Во денешниот свет, родовите стереотипи продолжуваат да ги ограничуваат можностите и да го попречуваат личниот раст на жените и девојките. Затоа, Фондација МИР во рамките на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“ организира обука за надминување на родовите стереотипи на пазарот на труд. Обуката ќе се одржи на 31 мај (петок) со почеток од 9 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“.

Baner Rodovi Stereotipi

Нашата обука има за цел да ја зголеми свеста и разбирањето за овие ограничувања и да обезбеди практични вештини и стратегии за нивно надминување. Преку интерактивна сесија и практични активности, ќе научите како да постапувате во предизвикувачки ситуации и ќе стекнете подлабоко разбирање за влијанието на стереотипите и стратегиите за нивно надминување.

На обуката ќе бидат присутни говорници кои ќе споделат дел од своето искуство на ова поле, како и успешни практики на глобално ниво. Ќе заминете со нови совети и стратегии за градење самодоверба, надминување на сомнежот во самите себе и нови идеи за постигнување на вашите цели.

Без разлика дали сте млада личност која сега влегува во работната сила, жена која бара нови работни можности или сте дел од невладина организација која се залага за родова рамноправност, оваа работилница е наменета за вас.

Само со предизвикување на традиционалните родови стереотипи можеме да создадеме пофлексибилен пазар на труд и опции за личен раст и развој за жените и девојките.

Би Ве замолиле Вашето присуство да го потврдите по е-пошта или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/sS1CWZ91h2QNazap7

Агенда:

Регистрација на учесници

Запознавање со учесниците и програмата за обуката

Вежба бр. 1 – Дефинирање на стереотипни професии

Презентирање на ситуацијата во Македонија во однос на родовите стереотипи во бизнисот

Презентација на искуства и добри пракси од други земји

Кафе пауза

Како да се надминат погрешните стереотипни сфаќања наспроти податоците, фактите и опкружувањето?

Презентација на искуства од гости презентери од академија и приватен сектор

Коктел

Вежба бр. 2 Редефинирање на стереотипите и презентација на резултатите

Презентација на нови перспективи и резултати за промовирање на поголема еднаквост и поинклузивно општество.

Заклучни согледувања и прашања