Обука метали

Придружете ни се на Обука за дејности од металопреработувачката индустрија!

Фондација МИР во рамките на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“ организира „Обука за дејности од металопреработувачката индутрија“. Обуката ќе се одржи со физичко присуство и ќе трае 6 дена (26.06, 27.06, 28.06, 02.07, 03.07, 04.07). Обуката започнува на 26.06 (среда) од 9 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“.          

Обука метали

На оваа обука учесниците ќе можат да се запознаат подетално со оваа индустрија и професиите во неа:

🔀 Логистика – асистентски улоги;
🌡Греење, климатизација и водовод;
💢 Фабрикација и заварување;
📈 Производство;
🔧 Мехатроника и автоматика;
⚙️ Лимарија и браварство
.

Шестиот ден (04.07) од обуката ќе биде посветен на теренска посета на избрани работодавачи – успешни компании од овој сектор. Дополнително учесниците ќе имаат можност да слушнат и од успешни жени во оваа индустрија.

Обуката ќе ја води г. Зоран Марков, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

По завршување на обуките ќе бидат обезбедени менторски сесии за 20 учесници со избрани ментори. По завршување на менторската програма учесниците ќе бидат целосно подготвени за работа во избраниот сектор.

Вашето учество на обуката може да го потврдите со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/moknq4A4srfAee889