Screenshot 2024 03 27 154507

Презентирана Мапата кон Циркуларната Економија на Македонија: Клучно случување во промовирањето на циркуларната економија

OECD South East Europe Regional Programme одржа средба за стартување на Мапата кон Циркуларната Економија на Македонија, што претставува значаен успех во заедничките напори за промовирање на циркуларната економија во Македонија. Настанот се одржа во Хотел Мериот во Скопје, во вторник, 26 март 2024 година.

Целта на оваа средба беше да се официјално презентира Мапата кон Циркуларната Економија на Македонија, да се претстават нејзините главни наоѓања и препораки и да се разговара за следните чекори – од дизајнот до имплементацијата. Тимот на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување присуствуваше на овој настан кој по година денови на посветена соработка успеа да ја претстави оваа мапа пред релавнтините чинители.

На средбата беа присутни претставници од Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСD), Работната Група за Циркуларна Економија во Македонија, претставници од Европската Комисија и други институции. Регионални експерти од владиниот и невладин сектор допринесоја во дискусијата и ги споделија своите искуства во имплементирањето на мерки за олеснување на преодот кон циркуларна економија.

За дополнителни детали, може да го проследите следниот линк: Circular-economy-Prioritisation-meeting-North Macedonia.pdf (oecd.org)