ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ И КАПАЦИТЕТИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
И покрај постигнатиот генерален напредок на полето на родовата рамноправост, сепак родовата нерамноправност на работното место и понатаму е ви- ока и тврдоглаво опстојува. Жените сè уште се во понеповолна положба на пазарот на трудот и на работното место во смисла на вклученост на пазарот на рудот, можности за вработување, професионален развој, а
поизложени се и на обинг и дискриминација.
Родовиот јаз на пазарот на трудот е изразен преку јаз во стапките на активност и вра- ботеност,
како и во платата како награда за вложениот труд. Според податоците на Ев- ростат за 2020 година само околу половина од работоспособните жени во Македонија население на возраст од 15 до 54 години) активно учествува на пазарот на трудот и при- донесува кон создавањето на бруто домашниот производ. Како главна причина за не- активноста на жените на пазарот на трудот се издвојува традиционалната поделба на трудот во семејството и стереотипите околу улогата на родителите во развојот на децата.
Традиционалните родови улоги и стереотипи, секако, придонесуваат кон родовата нерамноправност и дискриминација, нивното толерирање и оправдување, но не се единствената причина. Покрај овие културни предизвици, големо ограничување за активноста на жените е и недоволната понуда на услуги за грижа на деца и на зависни возрасни лица, и покрај одреден напредок во оваа сфера во изминатите години.