ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ
Индексот на родова еднаквост во Македонијаза 2022 година бележи мало подобрување од 2,5 поени во споредба со претходното истражување од 2019 година, вклучително и во областите што се однесуваат на економското јакнење на жените. Сепак, крајниот заклучок е дека промените се случуваат со пребавно темпо и неопходно е да се интензивираат напорите. Една од најзабележливите нееднаквости што тврдоглаво опстојува и директно ги погодува жените е родовата нерамноправност на работното место.