Откри ја својата иднина во STEM – приклучи се на STEM Discovery Lab!

Многу девојчиња уште во тинејџерските години започнуваат да го откриваат светот на науката и технологијата – STEM Discovery Lab е програма која токму во тој момент нуди поддршка, насока и простор за истражување на STEM и AI.
STEM Discovery Lab е интензивна, интерактивна 4-неделна програма за девојчиња на возраст од 14 до 18 години, создадена да ја поттикне љубопитноста, да изгради самодоверба и да отвори нови можности за идно образование и кариера во науката, технологијата и вештачката интелигенција. Програмата се темели на пристапот учење преку правење и комбинира практична работа, тимска соработка и менторство од жени професионалки во STEM.
Дел од европската иницијатива STREAM IT
STEM Discovery Lab се реализира во рамки на STREAM IT – Streaming Girls and Women into STEM Education, Innovation and Research, европска иницијатива која има за цел да придонесе кон намалување на родовите нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите и да ја зголеми видливоста и атрактивноста на STEM кариерите за девојчињата и младите жени.
Како е структурирана програмата?
Програмата трае 4 недели, со почеток од 26 јануари, и вклучува:
- 2 работилници во живо неделно (понеделник и четврток) во просториите на Стартап Клуб Скопје;
- 1 онлајн викенд-сесија за рефлексија, разговор и менторство.
Тематските целини по недели се:
- Недела 1: Откриј се себеси, откриј STEM
- Недела 2: Учење преку правење – Coding, Robotics и STEAM пристапи
- Недела 3: Вештачка интелигенција и иднината на STEM
- Недела 4: Тимски предизвик, јавни презентации и теренска посета
Што добиваат учесничките?
Со учество во STEM Discovery Lab, девојчињата добиваат:
- сертификат за учество;
- практично искуство со реални STEM и AI алатки;
- менторска поддршка од жени професионалки во STEM;
- работа во тим и нови пријателства;
- посета на AI/Tech компанија;
- зголемена мотивација и појасна визија за идна STEM кариера.

Кој може да аплицира?
Право на учество имаат:
- девојчиња на возраст од 14 до 18 години;
- млади со интерес за наука, технологија, креативност и учење;
- учеснички без разлика на претходно искуство во STEM.
Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.
Аплицирај тука:https://forms.gle/6Cud7gjdiaqdRUa79
За проектот
STEM Discovery Lab е дел од европската иницијатива STREAM IT, финансирана од Европската Унија, која има за цел унапредување на родово-инклузивни пристапи во STEM образованието, иновациите и истражувањето. Проектот е носен од Фондација МИР – Мрежа за иновации и ресурси, а се спроведува од Стартап Клуб Скопје, организација посветена на развој на младинско претприемништво, иновации и идни вештини.
