Img 6890

Одржани обуки за застапување и креирање политики за претставници од граѓански организации дел од Национална Платформа за женско Претприемништво

На 19ти и 20ти мај во Хотел Турист во Скопје започнаа да се имплементираат обуките дел од Националната Платформа за женско претприемништво наменети за зајакнување на капацитетите на претставници од граѓански организации за застапување и политики.  Обуките ќе траат четири дена и  се поделени во три модули:

МОДУЛ 1: ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ, ВМРЕЖУВАЊЕ, СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА, ОДРЖЛИВОСТ

МОДУЛ 2: ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ИСТРАЖУВАЊЕ И ФАКТИ

МОДУЛ 3: ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ

Првиот дел од обуката беше наменет за Организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства и одржливост каде учесниците имаа можност да анализираат предности и слабости на една организација како и изготвување на нацрт план за унапредување на организацискиот менаџмент и структура во организација со цел да може да се поддржат иницијативите и активностите поврзани со проектот, вмрежување и собирање на средства во функција на организациска одржливост. Учесниците имаа можност да изработат конкретен концепт и акциски план за вмрежување на ниво на организација а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво како и прибирање на средства и избор а соодветни алатки и методи за организирање на секојдневните активности.

Учество на обуките земаа претставници од граѓански организации од Македонија како и претставници од Младински совети кои своето знаење ќе го пренесат на своите соработници.

Обуките се дел од проектот Национална Платформа за Женско Претприемништво – НПЖП кој го спроведуваат Здружение на бизнис жени во партнерство со Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери.