Обуки за дигитална трансформација создадени за компании кои работат со производи и услуги
Во време кога технологијата го менува секој аспект од деловното работење, дигиталната трансформација станува предуслов за конкурентност, ефикасност и одржлив раст. Со цел да им помогнеме на македонските компании да ги препознаат и искористат можностите што ги нуди дигитализацијата, подготвивме две специјализирани обуки, дизајнирани според различни деловни модели и потреби.
Учесниците може да се пријават за една или двете обуки, во зависност од областа во која делуваат и потребите на својата компанија.

Обука 1: Дигитална трансформација за компании кои работат со производи (04.11.2025)
Оваа обука е наменета за компании што сакаат да ги оптимизираат своите процеси преку современи дигитални решенија. Преку интерактивни активности и практични примери, ќе добиете јасна слика за тоа што навистина претставува дигиталната трансформација и кои придобивки може да донесе за нивниот бизнис.

Ќе бидат претставени технологии што создаваат најголема вредност – ERP, CRM, WMS, IoT, RFID и вештачка интелигенција – со примери од локалниот контекст. Ќе се обработат и клучните елементи на стратегија за дигитална зрелост, практични чекори за имплементација и начини за градење организациска култура што ја поддржува промената и иновацијата.
Со учество на оваа обука:
- Ќе научите како со помош на современи дигитални технологии да ги оптимизирате производните и трговските процеси.
- Ќе дознаете како да ги намалите трошоците и да ја зголемите ефикасноста.
- Ќе добиете практични примери и алатки за пристап кон дигитална трансформација со мали, мерливи чекори кои носат реални резултати.
- Ќе добиете конкретни насоки, ресурси и препораки за дигитални решенија прилагодени на македонските МСП.
Обука 2: Дигитална трансформација за услужни компании (11.11.2025)
Оваа обука е фокусирана на компании кои нудат услуги и сакаат да ја унапредат ефикасноста, комуникацијата со клиентите и квалитетот на своите услуги преку дигитални алатки и иновации.

Во текот на обуката, ќе ги истражите начините на кои дигитализацијата ги менува очекувањата на клиентите и ќе научите како да создадете современо, дигитално корисничко искуство. Ќе се запознаете со најкорисните технологии за услужниот сектор – CRM системи, cloud решенија, автоматизација, аналитика и алатки базирани на вештачка интелигенција (вклучувајќи ChatGPT), со посебен акцент на заштитата на податоци при користење на cloud платформи.
Што ќе добиете со учество на обуката:
- Ќе истражите како дигитализацијата може да ја подобри комуникацијата со клиентите, управувањето со услуги и интерните процеси.
- Ќе се запознаете со практични алатки за автоматизација, онлајн соработка и аналитика.
- Ќе разгледате успешни примери на дигитална трансформација во услужниот сектор.
- Ќе добиете јасен патоказ и бесплатни ресурси за воведување на дигитални решенија.

Предавач: Гоце Џуровски
Гоце Џуровски е ERP консултант и проектен менаџер со долгогодишно искуство во дигитална трансформација и оптимизација на бизнис процесите. Учествувал во бројни проекти финансирани од ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД, како и во развој и имплементација на софтверски решенија за компании од различни сектори. Со своето техничко и советодавно знаење активно придонесува кон подобрување на ефикасноста и конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Пријавување
Секој учесник може да се пријави за една или двете обуки, во зависност од потребите на својата компанија.
Бројот на места е ограничен! За да го резервирате своето место, пријавете се денес со пополнување на следниот формулар.
Обуките се организирани од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia.
Овие обуки се во согласност со препораките и приоритетите утврдени во ТвинТек Конект 2025 Комунике, во кое е нагласена потребата од зајакнување на дигиталните капацитети, унапредување на иновациската култура и поттикнување на соработката меѓу различни актери во екосистемот, како предуслов за понатамошен развој и премин кон Индустрија 4.0. Преку овие специјализирани обуки, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и нејзините партнери ги претвораат препораките од Комуникето во практична акција – поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација и зголемување на нивната ефикасност и конкурентност.




