Banner Vebinar 2022 Npwe 2

Национална платформа за женско претприемништво организира вебинар на тема:

Преглед на добри практики: Жените претприемачки напредуваат заедно со поддршка на интернационални организации

Националната платформа за женско претприемништво  организира вебинар насловен ,,Преглед на добри практики: Жените претприемачки напредуваат заедно со поддршката на интернационалните организации’’, кој ќе се одржи во вторник (22/11/2022 година), со почеток од 11:00 часот.

Признавајќи дека најмоќното знаење за женско претприемништво е во самиот сектор, сакаме да ги прикажеме и споделиме експертизата и искуството на соработниците на Националната платформа за женско претприемништво кои работат во Европа и преку различните иницијативи кои тие ги имаат да ве мотивираме и инспирираме со нивните успешни практики.

Вебинарот преку интерактивен разговор ќе се осврне на темата женско претприемништво и успешни практики. Патот на една успешна жена претприемачка е исполнет со многу успеси, падови и предизвици. Без разлика на околностите, потребно е брзо прилагодување и постојано учење. Преку овој вебинар дознајте дали го имате она што е потребно за успех и долгорочен напредок во полето на женско претприемништво.  Вебинарот нуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.

Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на Национална платформа за женско претприемништво за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. Националната платформа за женско претприемништво се спроведува од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Не ја пропуштајте оваа прилика и бидете дел од овој вебинар.

Повеќе информации за говорниците и РЕГИСТРАЦИЈА за настанот на следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_kSW5KK-SSsm_tq6iqJmFiQ

Запознајте ги панелистите:

Serena Bonfanti/Член на борд на директори на АПИД и ко- сопственик на F. LLI Bonfanti

Од март 2008 година Serena започна да работи како претприемач. Денес, заедно со нејзината сестра Кјара, таа ја претставува третата генерација на компанијата F.lli Bonfanti, семејна компанија која произведува висококвалитетни модни копчиња во Италија од 1946 година.

Serena беше дел од одборот на директори на API/Torino (здружение на претприемачи што брои околу 2000 компании само во регионот Пиемонт) и исто така и од Одборот на млади претприемачи на API. Веќе  8 години Серена е исто така дел од одборот на директори на АПИД, здружение на жени за мали и средни претпријатија што брои приближно 350 жени кои водат свои компании. Serena е активно вклучена во активностите на АПИД како претставник на здружението на европско ниво.

Ombretta Pellerey/ Основачка партнерка на Bioleader srl

Ombretta е дел од управниот одбор на АПИД, кој обединува претприемачи за да ги промовира придобивките од женското претприемништво, да ја подигне свеста за корпоративната општествена одговорност кај компаниите и да поддржи повеќе жени во синдикатите и раководните тела. Таа е биолог кој по неколку години како вработена во водечка италијанска компанија за конзервирање, решава да стане претприемачка. Компанијата Bioleader е компанија за услуги за поддршка на компании во прехранбениот сектор: од консалтинг до анализа. Во компанијата се занимава со менаџмент и дизајн, но има и техничка улога, како консултант за поголеми компании.

Yolima van den Berkmortel/ Ко-основачка на International Creative Women

Yolima е родена во Колумбија. Таа е претприемач повеќе од 20 години и има бизнис во различни земји. Таа ги знае сите чекори за започнување бизнис во странска земја и помага на жените претприемачки кои се соочуваат со отворање на бизнис преку давање поддршка, совети и информации, токму затоа е и ко-основач на International Creative Women, организација која обезбедува поддршка на жените претприемачи во Холандија. International Creative Women ја олеснува интеграцијата на жените од кроскултурата за да можат да комуницираат, да учат и да растат. Придобивките не се само на деловно, туку и на емотивно ниво.