Мултилатерални деловни средби – Технома Партнерство 2010

На 19.10.2010 во рамки на настанот Технома Партнерство 2010 се одржаа деловни средби помеѓу претпријатија од Словенија, Грција, Србија и Македонија. Организатор на средбите е Европскиот Информативен и Иновативен Центар во Македонија, претставуван од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.

ManWomanShakingHands_1

Во улога на партнери се јавуваат Комората на занаетчиство и мал бизнис на Словенија, Универзитетот од Ниш од Србија и Федерацијата на индустрии од Северна Грција. Институциите организатори се дел од најголемата европска мрежа за поддршка на бизнисот и иновациите – Enterprise Europe Network.

Целта на настанот е да се засилат соработката и традиционално добрите економски односи меѓу земјите од регионот кои на овој начин покажуваат дека имаат сила да се спротивстават на економската криза и другите бариери и дека економијата и деловните партнерства се реалност и перспектива за Балканот.

Бизнис форумот на кој учествуваа преку 50 компании се случува во рамките на Enterprise Europe Network присутна во повеќе од 50 земји од Европа и пошироко и е единствената мрежа која во себе ги обединува сите поважни институции за поддршка на малите и средни претпријатија. Мисијата на мрежата е за сите нив да ги направи достапни придобивките од деловната соработка, трансферот на технологиите, иновациите и истражувањето, како движечка сила за развој и економски напредок за сите земји.